Младата музичка ѕвезда Анастасија Ражнатовиќ, ќерка на Цеца откако го поминала возачкиот испит веднаш купила џип вреден 40.000 евра.
Имено, Анастасија на Инстаграм се пофали со својот нов автомобил и под фотографијата во автомобилот напиша: „Новопочен возач. Конечно во својот автомобил“.
Ќерката на Цеца ја избра најновата „машина“ со целосна опрема, бидејќи и е важно да вози безбеден автомобил, но секако и луксузен.
– На Анастасија и е доста од некој постојано да ја носи и да ја донесува или да користи такси услуги. Штом го положи возачкиот испит
– Веднаш тргнала во потрага по автомобилот. По консултации со Цеца и Вељко се одлучила за Шкода- вели извор за ,,Информер” близок до пејачката.
Изворот додава дека Анастасија прво го возела својот брат Вељко Ражнатовиќ: Тој беше првиот што имаше храброст да седне во автомобилот со Анастасија.
На почетокот бил скептичен, но кога го видел како вози внимателно, се воодушевил. Тој и рекол: „Фала богу, не очекував да возиш толку добро“ – изјавил извор за гореспоменатиот весник.
По Вељко, на ред зедоа мајката Цеца и тетката Лидија Оцокољиќ. Цеца се израдувала кога гледала колку е опуштена нејзината ќерка, а притоа внимавала и зад воланот. Таа ја пофали Анастасија и на шега и кажа дека сега конечно има свој личен возач – вели изворот.
Популарната пејачка Анастасија Ражнатовиќ проговори за својот приватен живот, кариерата и семејните односи, а го коментираше и тоа што многумина ја споредуваат со нејзината мајка, фолк ѕвездата Цеца Ражнатовиќ.
– Секако дека сум горда на мајка ми, но колку и да е убава на некој начин, не е. Некои луѓе не разбираат дека не сакам да бидам како неа.
– Сакам да го изградам моето лично име и да дадам свој печат на сето тоа. Ова е жанр на музика што го сакам приватно, па затоа и тргнав на тој начин – изјави пејачката
– Таа е нашата најголема ѕвезда, но не сакам да бркам по нејзиниот успех. Го сакам тоа што го работам и се трудам да дадам се од себе – додала Анастасија и открила дали ќе сними песна со нејзината мајка.