Оливера, жената која неуморно помага на многу семејства, реши да земе здив на море во соседството

  • By klaster3
  • август 3, 2022
  • 0
  • 257 Views

Оливера Петрушевска, уредник и водител на емисијата „Срце на дланка“ е една од најшармантните наши водителки. Од една страна позитивна и ентузијастична, а од друга емпат ична и жа лостива спрема другите луѓе.

Во една прилика Оливера јавно се обрати и порача дека е презадоволна од хуманоста и ем патичноста на нашиот народ, народ кој покажува дека има срце и знае да помогне ако некому му е потребна помош.

„Со право можам да кажам дека сме најхуманиот народ. Ми се смирува душата кога ќе погледнам колку сме сложни, обединети. Наспроти сите случувања кај нас, убави и помалку убави.

Во емисијата се пријавуваат луѓе, поединци, семејства, многу-детни фамилии, жр-тви на семејно нас-илство. Лица на кои им е потребна помош за лекување во странство, луѓе на кои им треба покрив над главата.

Ако можеме да помогнеме, во ред, ако не, да не одмагаме на луѓето на кои и онака им е тежок животот. Зашто, да се биде без пари е минлива состојба: да се биде сиромашен е состојба на духот!“

Кога ќе сум видела некоја тажна сторија на вести или на интернет со денови не сум можела да спијам. Никогаш не претпоставував дека некогаш ќе водам проект со кој ќе ги менувам на подобро човечките животи, изјави Оливера во една прилика за Женски Магазин.

Неодамна заврши втората сезона на „Срце на дланка“, па и водителката реши да земе малку здив и да собере си ли за снимањето на наредната сезона.

Оваа година летниот одмор го минува на Јонско Море во познатите летувалишта Врахос и Парга. По тој повод се огласи на Фејсбук и напиша:

„Втората сезона на емисијата “Срце на дланка” опфати над 80 семејства. На многу од нив многу помогнатооооо и пресреќна сум. Наскоро, документирано ќе погледнете колку и каде најмногу помогнавте и кои приказни најмногу ве тро гнаа.

За сите што ме прашувате за трета сезона?! Да, ќе има.. Со многу новитети и изненадувања. Сега малку се исклучувам. Чисто да земам воздух и повратам силата зашто батеријата ми е на црвено, а, телото “bu rn out”.

Турција ми е омилена земја..Но, од приватни причини годинава морав да се одлучам за Јонско море. Не жа лам.. Преубаво е…
Одморете сите.

Правете убави работи зашто ситниците го прават животот убав. На пример, како чаша сино вино покрај кристално чистото море.“

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.