Телевизиската презентерка, 28-годишната дебранка Бесмира Ејупи од вчера во јавноста е една од најкоментираните теми.
Птичата е што Ејупи е предложена да седне во фотелјата на Генералниот конзулат на Македонија во Њујорк, САД.
Реакциите на јавноста се големи, а со свое видување на цела ситуација се огласи и нејзиниот колега по професија, новинарот Огнен Јанески кој на својот профил на фејсбук напиша:
Според критериумите на МНР, мислам дека е време да ме пратите за амбасадор. За конзул, сепак сум преквалификуван.
Еве, може во Обединетите нации во Њујорк, зашто секако сум бил таму на дипломатски работен престој, како истражувач-новинар во Одделот за јавни информации.
Еве, сега сум и титуларен амбасадор против говорот на ом раза за Западен Балкан, а претходно сум бил во два мандата и за Часот на планетата Земја.
Ако треба, ќе им помогнам на новопредложените за дипломатски контакти. М? Што велите?
Во прилог на мојата апликација, еве и фото од последниот престој во ООН во Њујорк, коишто прикажани совети за безбедност на дипломатската заедница можам да им ги проследам на конзулите
P.S. На површина излезе и многу шов инизам, мизогинија и дискр иминација по основ на возраста за колешката, од страна на описите за неа, во статиите, што е оч ајно од страна на колегите и коментирачите.