Германија во последно време или ако сакате поточно, од година во година станува дом на многу Македонци кои одлучуваат да се иселат и да живеат и работат таму.
Во најголем дел мотивот е од финансиски аспкет, но тука секако е и потрагата за поквалитетен живот во оваа држава.
Според податоците на германскиот Сојузен завод за статистика (Destatis) и Источниот комитет на германската економија, вкупната трговска размена меѓу , во периодот јануари- ноември 2021г, споредено со периодот јануари- ноември 2020 изнесувала:
Вкупна трговска размена во илјади евра: јануари- ноември 2021г – 4.341.749.000 евра / јануари- ноември 2020г. – 3.437.007.000 евра; Промена во % во однос на истиот период од претходната година: + 26,3%. 🇲🇰 е на 54 место.
Германски увоз (македонски извоз) во илјади евра: јануари- ноември 2021г. – 3.203.187.000 евра / јануари- ноември 2020: 2.515.646.000 евра Промена во % во однос на истиот период од претходната година:+ 27,3%. 🇲🇰 е на 42 место.
Германски извоз (македонски увоз) во илјади евра јануари- ноември 2021г. – 1.138.562.000 евра / јануари- ноември 2020г. – 921.361.000 евра; Промена во % во однос на истиот период од претходната година: + 23,6%. 🇲🇰 е на 66 место.
Надворешно трговскиот баланс изнесува 2.064.625.000 евра, дефицит на германска страна, односно суфицит на македонска страна за периодот јануари- ноември 2021г. 🇲🇰 е една од 68 те држави со кои Германија има дефицит во трговската размена на своја страна.
Податоците за трговската размена на Германија за цела 2021 година, заклучно и за и со месец декември 2021г, се очекува да бидат објавени од Сојузниот завод за статистика во текот на месец февруари 2022г.
Податоци за износот на дознаките од Германија кон Македонија од дијаспората според официјалната статистика на Дојче Бундесбанк („Германската централна банка“) за периодот 2016-2020 година:
2016г. – 36 милиони евра; 2017г. – 40 милиони евра; 2018г. – 8 милиони евра; 2019г. – 54 милиони евра; 2020г. – 63 милиони евра;
За 2021 година податоците би требало да се објават во вториот квартал на 2022г.
Со ова јасно се гледа колку пари имат внсено Македонците од Германија во нашата држава. Што се вели, спечаленото во странство го донасаат и инвестираат во својата татковина.