Новиот закон за цената на пластичните ќеси им отвори работа на шивачите – сега имаат полни раце работа

  • By klaster3
  • април 1, 2022
  • 0
  • 472 Views

Сведоци сме дека занаетите полека, но сигурно згаснуваат и на прсти се бројат оние кои останаа да печалат од својот занает.

Младите воопшто не се заинтересирани да научат занает, дел поради неисплатливоста, дел поради тешко совладување или слично.

Прво короната, а сега и економската кри за и поскапувањата ги пог одија занаетите особено шивачите и кројачите.

Велат дека нема заработувачка како пред пандемијата, но решение за да се извади парче леб прво најдоа во шиењето платнени маски.

Сега шијат платнени торби како резултат на исфрлањето од употреба на пластичните кеси.

Луѓето веќе се навикнаа на новиот закон со кој една ќеса чини 15 денари, некој уште купува, но повеќето бараат чаре во платнените торби.

– Немаа навика да употребуваат торби од материјали, многу ретко. Откако се донесоа одлуките, побарувањата се зголемија, разни модели почнаа да побаруваат, мали, големи, вели Вера Попчановска, сопственичка на занаетчиска работилница.

Дури и младите се заинтересирале за платнените торби.

– Младите имаат побарувања, ми се допаѓаат нивните идеи, кога доаѓаат бараат еднобојни и печатат на нив лого, некој цртеж и ги користат како чанти со долги ременчиња.

-Неколку другарки тинејџерки ќе се соберат и порачуваат за да си ги исцртаат, од здруженија исто така со нивното лого.

Имавме убави порачки за 8 март, наместо каранфили, поклоните ги заменија со торби. Секоја муштерика која дојде кај мене подарок за Осми Март доби торба, вели Попчановска за ТВ Тера.

Растот на цените генерално ќе ги пр инуди да ги покачат и цените на нивните понуди.

– Поскапеа материјалите со кои работиме, поскапе електричната енергија, занаетот е погоден.

Притиснати сме од целата ситуација и ќе мора да се зголемат цените на услугите, вели таа.

Како занаетчии апелираат граѓаните повеќе да употребуваат торби од природни материјали за заштита на животната средина.

Целиот видео прилог може да го проследите на ТВ Тера Битола.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.