Повредата која ја доби Новак Ѓоковиќ при победата над Тејлор Фриц е причина за загриженост на неговиот тим и најверните фанови.
Третиот меч на турнирот во Мелбрун донесе тежок меч и пет сета за првиот носител. Згора на тоа, српскиот тенисер се повреди и едвај успеа да „преживее“ и да се пласира во следната фаза.
„Се чувствувам добро психички и емоционално. Не сакам да зборувам за интензитетот на повредата. Во третиот сет не можев да се движам и да го ротирам телото, можев само да сервирам, во тие моменти размислував во главата и се откажав. Јас сум горд, но и загрижен, очигледно. Можеби се скина мускул.
Немам добри искуства со закрепнувања во однос на продолжувањето на натпреварувањето на турнири, па сега сè е во облаците. Не знам дали ќе можам да излезам на терен за два дена. Се надевам дека ќе можам да играм“, вели Ѓоковиќ.