Неповолни вест за Македонците со возила на бугарски таблички – познато со што се соочуваат

  • By admin
  • март 10, 2022
  • 0
  • 588 Views

Претседателот на политичката партија Граѓанско Демократска Унија, Петар Колев које е и поранешен прв човек на здружението „Македонско – бугарско пријателство“, синоќа се огласи на својот профил на фејсбук каде што напиша:

Слободно движење на луѓе, стоки и капитал е основата и замислата на ЕУ, но не и во РС Македонија.

Додека целиот свет е обединет и бара начин да се стави крај на во јната во Украина и ја ос удува агр есијата на Кремал, се обидува да помогне на бег алците, македонското Министерство за внатрешни работи, заедно со царинската управа решија да се пр есметаат за пореден пат со бугарските граѓани кои живеат во Македонија.

Неколку денови по ред стотици луѓе сигнализираат дека со нивните сопствени возила, кои се на бугарски регистерски таблички, не им е дозволено да влезат во РС Македонија.

Вклучително неколку сопственици на правни субјекти, вработени во правни субјекти во соседна Бугарија, не им се дозволува со службените возила, кои се сопственост на соодветниот правен субјект да влезат на територијата на РС Македонија.

Образложенијата се за наводни царински пре кршоци, измислени распоредби на МВР и Царината, им се бараат документи за одјава на адресна регистрација во Македонија (со други зборови документ дека не живеат во Македонија) и ред други разнородни приказни.

Должен сум да споделам- на ниту еден од тие граѓани не му се дава официјален писмен документ зошто не може да влезе во РС Македонија.

На фонот на обидите на сите прогресивни и про-европски сили во Македонија да најдеме решение на проблемите со соседна Бугарија, некој деструктивен елемент решил да се из живува со Бугарите и бугарските граѓани во Македонија.

Знам дека некој дебелокож чиновник, политичар, началник или слично ќе ми објасни дека сето тоа е по Устав и Закон, но сум должен да ги потсетам истите дека бега лците од Украина кои дојдоа во нашата земја поминаа неколку граници, но само ние им побаравме зелен картон за нивните возила-каква шизо френија само?!

Не би сакал да мислам дека некој во Скопје, со потекло од Куманово, кој на оваа етапа е министер за внатрешни работи на нашата држава, а срцето и душата му се некаде околу сплавовите во Белград, продолжува да си мисли дека може да ги мал третира Бугарите и бугарските граѓани во Македонија.

Осознавам дека пред очи на сите оние длабоко скриени деструктивци им се гледа можноста за решавање на спорот со Бугарија и започнување на преговори со ЕУ и се спремни на сè, апсолутно сè, да ја уни штат оваа шанса.

Но, се обраќам до прогресивниот дел од македонската влада и македонското општество, земете мерки и расчистете ги тие мра чни сили од вашите редови, ние македонските Бугари и државјани на Бугарија немаме намера повеќе да ги трпиме.

PS: Почитувани сограѓани, на вас на кој што не ви е дозволено да влезете со вашите возила на територијата на РС Македонија, барајте од службеникот што не ви дозволува официjален документ во кој треба да пишува зошто не ви е дозволено да влезете.

Доколку не сакаат да ви издадат таков документ, барајте да ви се легитимира службеникот и земете ги неговите податоци.

Би ве посоветувал да го известите за тоа и дипломатско-конзуларно претставништво на Р. Бугарија во Скопје, опишете детално што се случило, кој е службеникот што ви забранил влез и ако ви издадат документ испратете го и него кон објаснувањето на следните е-маил адреси [email protected], [email protected], [email protected]

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.