МРТ се огласи: Падна одлуката за настапот на Андреа на Евросонг

  • By klaster2
  • мај 11, 2022
  • 0
  • 427 Views

Андреа на 66-то издание на „Евросонг” ќе настапи во втората полуфинална вечер на 12-ти мај, а финалето е закажано два дена подоцна, односно на 14-ти мај. Манифестацијата ќе се одржи во арената „Пала Олимпико” во Торино.

На тиркизниот тепих се прошета во за неа препознатлива комбинација – во црно од глава до петици со кожени ракавици како моден детаљ, а во рацете го држеше македонското знаме.

Но, неочекувано и за вистинско неверување е она што Андреа го направи со знамето. Имено, едно време гордо го држеше знамето за наеднаш да го фрли на земја.

Македонската јавност остана затечена по објавувањето на видеото во кое овогодинешната претставничка на евровизија, Андреа, пред камерите го фрли македонското знаме на под.

Реакциите од граѓаните не стивнуваат, а во меѓувреме се изјаснија и од Македонската Радио Телевизија со официјален став за случувањето:

Македонската Радио Телевизија, по инц идентот кој што се случи за време на официјалната церемонија за отворање на „Евросонг 2022“,

Kога нашата претставничка Андреа Коевска го фрли македонското знаме на тиркизниот тепих и по првичното Соопштение кое што беше објавено по реакциите на јавноста,

Детално ги разгледа сите аспекти за евентуалното повлекување на нашата претставничка од Евровизија. Таквиот чекор во момент кога сите рокови за повлекување се поминати би предизвикал голема финансиска ште та и други санкции кои што не се за занемарување.

Имено, со откажувањето би се загро зилo и учеството и отстапувањето на телевизиските права на сите други настани кои што Јавниот сервис ги добива како членка на Европската радиодуфузна мрежа.

Македонската Радио Телевизија ќе ги преземе сите законски решенија и дисциплински мерки по враќањето на нашата делегација од Торино, откако членовите ќе ги поднесат извештаите за случувањата на церемонијата.

Поради негативниот имиџ во јавноста на проектот „Евровизија“ што предизвикува негативен публицитет на МРТ, Уредничкиот колегиум на МРТ ја разгледува можноста од следната година Македонската Радио Телевизија веќе да не учествува на Изборот за песна на Евровизија.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.