Дури 70 земји, меѓу кои и Македонија, како и Високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика со заедничко соопштение изразија подготвеност да им помогнат на Авганистанците кои сакаат да си заминат од земјата по преземањето на власта во државата од страна на Талибанците.
Дејан Жежов е еден од многубројните Македонци кои што работеа во Авганистан, но за среќа пред три недели се вратил од Кабул во нашата држава.
Жежов работел на главниот аеродром во Кабул, а тој сега за Гласот на Америка проговори за ситуацијата таму, како и за Македонците во оваа држава.
Токму аеродромот во Кабул е едно од последните места каде што многу луѓе бараат спас од новото владеење на Талибанците.
Илјадници луѓе се собраа на аеродромот од каде заминуваат последните авиони со американската во јска и западните дипломати.
Значително е намален и бројот на комерцијални летови. Сите летови се полни со денови, билетите се многу поскапи од вообичаеното, а има многу повеќе луѓе кои сакаат да го напуштат Кабул отколку што има слободни места во авионите.
„Јас кога се повлекував од Кабул, таму беа веќе отпочнати демобилизациски планови, по однос на НАТО тру пите и по однос на повеќе компании кои работат со НАТО или кои работат за други дипломатски претставништва.
Веќе беа отпочнати некои демобилизациски планови“, вели Жежов кој беше запршан за Македонците таму:
„Некаде околу 300-400 луѓе има таму, тие работеа логистички проекти, електричари, во кујна, но има и некои кои работат директно за НАТО, на такви позиции што самата работа има налага да примаат директни команди од одредени секции од НАТО, околу обезбедување на бази“.
Како што е познато најмногу Македонци на работа во Авганистан имаше од Куманово каде што голем број граѓани се наполнија со пари, купија станови, куќи, коли, започнаа сопствени бизниси.