Млекарот Павле од кочанско: Му бараш 50 денари, скапо му е, никој не купува – ќе мора и тие 40 кози што ми останаа да ги продадам

  • By admin
  • октомври 4, 2022
  • 0
  • 390 Views

Сведоци сме дека периодов цените на млекото и млечните производи скокна ептен многу, па така многумина не можат да си ги дозволат.

И покрај фактот дека цената на млекото и млечните производи во маркетите и продавниците расте секојдневно, сточарите велат кај нив ситуацијата не е нималку добра.

Млекарите го откупуваат млектот по цена од 22 до 23 денари за литар, а на пазарот едвај се продава по цена од 50 денари,. Сирење и млечни производи прават само за сопствена употреба, бидејќи пласман на пазрот нема, а по нив нема ниту кој веќе да работи и да произведува.

„На млекото цената е многу слаба, прехраната е скапа, житото, јонџето ама цената на млектото е многу ниска. Сирење правеме за нас, за јадење за дома, инаку за пазар не, нема ни каде да се продаде, нема пласман. Треба дрва, садови“ – вели Станишков.

Пред четири години Павле Станишков, од кочанско Тркање чувал околу 150 грла кози, но денеска оставил само 40.

Ова според него се должи на фактот дека се останато во земјата е веќе со покачена цена, а млектото е со незадоволителна.

„Имаме околу 40 кози, ама не се исплаќа ќе морам да ги продадам. Не даваат ниту цена за млекото, ниту субвенции даваат, ништо нема.

Млекарата доаѓаат земат го 22 – 23 денари, а 20 денари е килограм жито и каде на крај ќе излезеше И на пазарот не бива, тражеш му 50 денари, никој не купува. Во Тркање уште јас чувам кози, нема друг.

Чичко Павле вели веќе ретко некој чува кози или крави во село Тркање, кочанско. И оние кои имаат ги чуваат за своја употреба односно да поризведат млеко или сирење и со тоа да не се приморани да го платат по енормно висока цена во маркетите и продвниците.

Целата сторија со видео прилог може да ја проследи на Мнет телевизија.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.