Мисицата Маја Глигоровска: Сакам да го пронајдам принцот на белиот коњ, но јас секогаш го наоѓам само коњот

  • By klaster2
  • февруари 28, 2022
  • 0
  • 611 Views

Македонската екс мисица Маја Глигоровска иако повеќе не се занимава со јавна професија и работи како одделенски наставник, деновиве повторно е актуелна во јавноста.

Сите зборуваат за нејзината спек такуларна роденденска забава по повод 40-от роденден, каде ги собра своите најблиски.

Дека за неа годините се само бројка, говори и фактот што постојано споделува фотографии на Инстаграм на кои изгледа како тинејџерка.

Поранешната манекенка Маја Глигоровска без која во 90- те години не можеше да помине ниту една модна ревија или модно шоу, веќе неколку години работи како учителка и пистите ги замени со дневник и табла за пишување.

Екипата на ,,Бекстејџ” присуствуваше на нејзиниот роденден и и поклони симоблично колач со свеќа која таа ја дувна и замисли желба:

– Си посакав како и секоја дама да го пронајде принцот на белиот коњ, но за жал јас секогаш го пронаоѓам коњот а принцот не.

– Се надевам дека овојпат ќе пристигне и принцот. Јас секаде ги кажувам годините и не ги кријам бидејќи сум горда на нив.

– Денеска ми е јубилеј, среќна сум затоа што секоја година си има убавина и белег во својот живот. На сите и посакувам да се остварат како родители.

– Со Маја се познавам повеќе од дванаесет години, таа е единствена. Многу се радува на родендените и оваа забава беше планирана еден месец однапред, вели една од присутните на роденденот.

На роденденот имаше многу познати лица, помеѓу кој водителката на утринските програми на ,,Сител” Јована Стојменовиќ, како и ,,Зоки Фаци”

– Маја ми е најдобра другарка, многу и значи овој ден на нејзе. За жал некој блиски не можеа да присиствуваат на забавата, вели водителката Јована.

– Роденденските подароци не ми се важни, колку што ми е важно да си поминат сите убаво и да остане запаметено како најдобра журка на годината, вели Маја.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.