Љупчо Николовски неодамна повторно се врати на својата стара позиција, а тоа е Министер за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Николовски се најде во новата Влада на премиерот Димитар Ковачевски и продолжи онаму каде што застан.
Љупчо изминатиот викенд го помина во природа, поточно саботата беше во еден вид работна посета, додека во неделата ја посвети на сопругата Андријана.
Имено Министерот Љупчо во саботата беше на село и посети млад човек кој решил да го замени градот со село:
Викендов сум во Раштак, на гости кај Давид. Тој со своето семејство одлучил да го напушти градот, и да се пресели на село, каде заедно одгледуваат 70 кози и произведуваат вкусни млечни производи во кои лично се уверив.
Поразговаравме за неговите идеи и планови, за проширување на производството, а јас го запознав со бенефитите и придобивките кои може да ги искористи од државата преку многубројните мерки.
Оваа година преку Програмата за финансиска поддршка ги зголемивме субвенциите по грло за одгледување кози.
Навистина вакви приказни инспирираат особено за млади луѓе, земјоделци, сточари, кои придонесуваат за руралниот развој и сточарството.
Додека пак неделата, како што кажавме ја посети за семејството и со сопругата Андријана беа во прошетка на планина:
Недела неработен ден, искористете го за прошетка на чист воздух, за книга, за видување со блиските.
Јас оваа недела ја посветувам на мојата сопруга, на прекрасна прошетка во Калин Камен, едно од поубавите места во мојот роден крај.
Оваа Влада покажа сериозна грижа за работниците: Ја зголемивме минималната плата, следува раст на пензиите, а со недела неработен ден секој работник има право на одмор и време поминато со семејството.