Сме се изнагледале и наслушале за многу невообичајни животни, кој луѓето ги вдомиле и се грижат за нив и се нивни миленичиња.
Но една доста интересна и невообичајна приказна ни доаѓа од Русија, каде Милена Мими за миленичиња има стаорци, и тоа не еден или два, туку пет.
Слободно можеме да кажеме дека оваа жена е кралица на стаорците. Но не само што ги чува, туку таа и спие заедно со нив.
Таа е задолжена за нивното капење, хранење, а тие и ја возвраќаат љубовта, галејќи се и имаат сигурност во нејзините раце.
Секоја вечер ги заспива и ги легнува, им приредува пријатни мигови и си го исполнува животот како што вели со овие мали животиники.
Милениците со првите сончеви зраци се појавуваат пред нејзе и се во нејзините гради. Милена секојдневно објавува видеа од своите миленици на Инстаграм.
– Моите пет другарчиња најстари се близнаците Луцифер и Рафаел, потоа следува Локи па Персус, а Мигел е најмлад помеѓу нив, вели таа.
– Вообичаено луѓето чуваат мачиња и кучиња, но мене некако тоа не ме привлекува а убавина и милост пронајдов кај овие пријатни суштества.
– Реакциите од околината се различни, често многумина негодуваат и се гна сат од нив, но повеќето се позитивни кога ќе ги видат колку се слатки.
– Но секако не ме интересира мислењето од околината, верувам дека овие мали слатки суштества ми го продолжуваат животот, вели Милена.