Познатата македонска новинарка Менче Точи перидов е во центарот на медиумското внимани откако реши да каже збогум на досегашната професија.
Точи која долги години е во оваа професија важи за водечките личност во својата професија кога стану збор медицината и здравјето реши за професионално променна.
Точи која долги години ја гледаме на малите екрани со стории од областа на медицината, гранка која најдобро и лежи реши да замине во Фондот за здравство каде што ќе работи во оделот за односи со јавнот.
Менче исто така е доста актуелна и на социјалните мрежи, па така беше и вчера кога сподели една фотографија од минатото која датира од пред 15 години и напиша:
Ова е во Холандија: Бевме да видиме како фуниционираат матичните, т.е. семејните лекари. Одевме во ординации, Фонд, Министерство, Кралската лекарска комора, секаде.
Упивавме, прашувавме и пренесувавме кога ќе дојдевме тука. Така беше и во Естонија и др, Словенија каде веќе почнуваа реформите во примарно здравство.
Ова беа наменски, подолги престои на новинарите од здравство за да ја претставиме големата слика..
Кога почнуваа кај нас реформите, општите лекари кои се трансформираа во матични со капитација, изгубени, немаа појма со комјутер да работат не па друго.
Ги поминаа сите “детски болести”, ние бевме виновни за нивните “ма ки”, посебно јас како најгласна и аналитична.
Една дури и ме исплука! (Ја памтам добро која е) Сакам да кажам дека не станаа семејни и не го работат она што и лекарите таму.
Секоја чест на младите што знаат да се организираат. Мислата нема да ја довршам за да не бидам погрешно разбрана заради мојата работна позиција сега.
Но она што го мислам ,го мислев и тогаш и сега, како новинар, граѓанин и пациент. Сведок сум на се што се случуваше.