Мајстор Далибор: Никој не сака да работи, а дневно може да се заработи и до 18.000 денари

  • By klaster2
  • февруари 13, 2022
  • 0
  • 667 Views

Од година во година се помал е интересто за занаетчиство и речиси се повеќе се соочуваме со недостиг на мајстори а и тие што ги има квалитетот не е на високо ниво.

Работодавците имаат се поголем проблем да најдат квалификувани работници, кој ќе работат, најмногу од градежниот сектор.

Молер може да кречи стан од 40 квадрати дневно и да заработи добра сума на пари. Слично е и со другите занаетчиски занимања како електричари, керамичари и водоинсталатери.

– Јас сум на 20 години во овој занает, да точно е дека недостатокот на мајстори е евидентен а опаѓа и квалитетот, младите не сакаат да работат.

– Секако причина е физичкиот напор но и заработката, но можам да кажам ако дневно искречам еден стан од 40 квадрати можам и да заработам до 36.000 динари (18.000 денари) вели Далибор од Зајечар.

– Не се жалам, одлично ми е и што е најбитно работа имам многу дури и не можам да постасам сегде е тоа е мал проблем вели низ смеа тој.

– Интересот кај младите да дојдат и да научат нешто е на многу ниско ниво, тие се наклонети кон компјутерите и некој други полежерни работи, вели водоинсталатерот Зоран Савиќ.

– Занаетот веќе никој не го сака. Има некои момчиња, но слабо, па само ние сме стари мајстори. Не е така, лошо беше платено, сега се засили и добро се заработува.

Се бараат и економски техничари, а во многу метални фирми со години е отворен конкурс за бравари и металопреработувачи.

– На ниво на високо образование имаме проблем со машински инженери, архитекти, градежни инженери кои мора да имаат одредени лиценци за работа.

– А ние имаме одредени проблеми бидејќи дури и нашите деца кои студираат надвор од Крушевац тешко се враќаат во Крушевац рече Предраг.Марковиќ, директор на електор училиште во Крушевац.

– Имаме програма за обука на барање на работодавачите каде Националната служба ги финансира луѓето кои се на програмата за обука.

– Се плаќаат и трошоците за обука, а работодавачот е должен да прифати 50 проценти од лицата кои успешно ќе ја завршат обуката, изјави Ана Бачиќ, раководител на програмско одделение за работен однос.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.