Марко и Невена напуштиле добро ситуирани работи и заминале во планина – кажаа што била капката која ја прелеа чашата

  • By klaster2
  • април 9, 2022
  • 0
  • 388 Views

Марко по професија е археолог, а Невена е експерт за туризам и работела во неколку туристички институции. Тие дадоа отказ од работните места

И го заменија градскиот живот со падините на планината Рајац, во селото Доњи Бранетиќ. Тие објаснија како се решиле на овој чекор.

„Моментот кога требаше да одиме некаде заедно, а не можевме да добиеме слободни денови, беше капка која ми ја прелеа чашата.

Другите секогаш одредуваа како да се однесуваме и кои се нашите обврски, а потоа тоа многу ми пречеше. “ вели Марко за ,,Екслузив”

„Кога стигнавме, првиот месец бевме како во облаци. Толку долго сонувавме за тоа што секој ден работевеме по нешто, мислевме што и како ќе биде.

Дел од имотот беше претворен во 15 хектари шумичка со капини. Годишно произведуваат околу 300 литри вино од капини – најмногу на продажба, но дел чуваат и за себе.

Марко открива што работат во моментов: „Во нашиот процес на општествен премин од град во село, ние двајца откривме една благородна дејност.

Која е сè побарана во нашиот регион, со оглед на тоа што се помалку млади луѓе сакаат да го прават тоа , а тоа е кастрење на овошје“.

Најпрво научиле како се кројат овошките, а потоа почнале да заработуваат од тоа – до 12 илјади динари дневно што сепка не е малку.

Капините ги закројуваат во текот на зимата, така што се е подготвено за цветање во мај, берба во август и готови производи во октомври.

Освен нив двајца, на имотот живее и бабата на Марко, Радмила, која Невена ја прифатила за баба. Двајцата се грижат за неа и и прават друштво.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.