Марија Шерифовиќ постигна успех на домашната естрада со кој ретко кој може да се пофали, но се чини дека училишните денови не и поминале баш како што сакала.
Својот поход кон музичкиот врв го започна, а воедно и достигна со победата на изборот за песна на годината „Евровизија” каде со одличната интерпретација и вокални способности и ја донесе првата и единствена победа на Србија на ова натпреварување.
Нејзините концерти се распродаваат како од шала во рекорден рок, па мора да закажува 3, 4 па и 5 концерти во низа во еден ист град.
Пејачката основно и средно училиште завршила во родниот Крагуевац, што очигледно и било тешко. Не сакала да оди на часови, па во четврта година средно едвај ја завршила годината.
Како што се гледа во нејзиниот годишник од Првата крагуевачка гимназија, Марија не ја завршила успешно годината и поради тоа наставно-научниот совет ја упатува да полага класен испит по дури четири предмети!
– Марија Шерифовиќ, ќерка на Рајко и Верица – музичари, родена на 14.11.1984 година во Белград.
Не го завршила успешно класот, туку е упатена да полага класен испит по: социологија, филозофија, француски јазик и физичко образование – пишува во овој годишник.
Од ова може да се заклучи дека Шерифовиќ е испратена на одделенски испит поради голем број изостаноци од часовите.
Законот пропишува ученик да се упатува на одделенски испит доколку не посетувал третина од наставата од вкупен фонд за еден предмет, што во пракса изнесува околу 25 изостаноци од еден предмет.
Класниот испит не е лесен бидејќи се учи целиот материјал, па можеме само да претпоставиме колку труд и време и требаше на Марија да го надополни сето она што го пропушти во последната година од средното образование.
Самата Марија еднаш истакна дека сака да се запише во средно музичко училиште, но бидејќи немала време да се подготви за приемен испит, се запишала во Првата крагуевачка гимназија.