Марио веќе две децении патува на крузер, ќерката и пријателите не ги гледа и буквално бродот му е дом

  • By klaster2
  • март 15, 2022
  • 0
  • 519 Views

Италијанец по потекло, кој живее во САД, Марио Салседо веќе 20 години живее на бродови за крстарење, а себеси се опишува како најсреќниот човек на светот!

Марио работел како финансиски директор во мултинационална компанија 21 година, а најголемиот дел од слободното време го поминувал во патување. Му здосадило возењето со авион, па решил да промени, пренесува „РТС“.

Предвреме се пензионирал и решил да патува. Но, овој пат превозно средство не е авион туку брод. Патувајќи на различни крстарења, тој посака неговиот иден дом да биде на вода.

„Ми здосади да летам“, истакна Марио, додавајќи дека во Мајами, каде што тогаш живеел, сакал да шета покрај бродови за крстарење. Се запрашал како е да се плови на овие големи бродови, па решил да се качи на еден од нив.

Првото патување го започнал во 1997 година, а во следните години барал крстосувач не само убав, туку и удобен во кој што ќе се пронајде.

Тој стигнал до Скандинавија, Јужна Америка и Европа. Во јануари 2000 година се качи на крузерот „Војаџер на морињата“, во тоа време најголемиот брод што имаше многу да им понуди на патниците.

„Барав мир, кој го најдов на крстарења. На секој од нив среќавам дваесетина луѓе со кои се дружам и споделуваме интересни искуства“.

Марио се смета себеси за најсреќниот човек на светот, па пријателите на крстарењето му го дале прекарот „Супер Марио“.

„Животот на брод за крстарење има многу предности: нема обврски во однос на чистење, перење алишта, фрлање ѓубре и слично.

Целото време на овој свет ми е на располагање, како и работите во кои уживам“. Единстевно ќерка ми не сум ја видел долго време но тоа е недостаток.

Марио Салседо открива дека неговиот нов живот има и недостатоци: Моите пријатели на копно речиси ме заборавија, бидејќи ретко се гледаме.

„Никогаш не сум бил дома, сега мојата куќа патува и патувањето е мојот дом. Нешто за кое мечтаев“, се пошегува Марио Салседо.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.