Моето име е Васка, имам 50 години и претпоставувам дека многу од вас ќе се препознаете во мојот живот. Јас сум една од многуте мајки што остана сама откако нејзините најблиски ја напуштија.
Прво ќерката. Таа се омажи и заедно со сопругот со исечелничка виза заминаа во Америка. Тогаш од радоста не ни размислував дека еден ден ќе останам сама. Си велев, ги имам сопругот и синот кој ќе остане да живее со нас.
Но, животот не сакал така. После долга среќа доаѓа не волја. Го изгубив сопругот и да биде уште полошо син ми од та га не можеше да издржи и замина кај вујко му во Австралија. Му требаше цела една година и на 25 години замина на крај на светот.
Дури средуваа со документи и со живеалиште се обидував да го разубедам да остане, дека се ќе биде во ред ако сме заедно, но не ме послуша. Ги живееше неговите луди години кога беше спремен на сè и не сакаше да ме послуша.
Не можел да издржи да биде во полупразна куќа каде се го потсетува на татко му. Ништо не можев да сторам и си го пуштив чедото. Утеха ми беше тоа што знаев дека брат ми е таму, па нема да биде целосно сам.
И ете оттогаш досега го гледам само еднаш на 2-3 години, зависи кога ќе може да дојде. Јас не стапнав таму, а тој не ни размислуваше да се врати и покрај мојата тага.
Се оженив млада и живеев во надеж дека ќе имам среќно семејство, дека сите ќе сме на број како ние што живеевме порано со родителите. Сега времето се смени, ништо веќе не е исто, колку ли огништа само се испразнија од децата што си бараат светла иднина.
Што да правиме ние родителите, мора да издржиме и да глумиме дека сме многу среќни гледајќи ги преку интернет. Пред некое време бев многу тажна, а глумев дека сум радосна иако ми идеше да заплачам.
Син ми се ожени таму, си има две дечиња и ете, и тие, но и јас си начекав внукот да се ожени. Млад е, 22 години, но се случило девојката да остане бремена и си се земаа.
Се радувам за нив, но многу ми падна тешко тоа што во вакви мигови сме разделени и не можам да присуствувам на нивниот среќен ден. Си направија мала церемонија за да одбележат и мене ми пуштија преку интернет да ги гледам. Колкупати само се покајав што го пуштив син ми да замине.
Дали заслужувам вака да бидам одвоена од моите деца? За нив живеев и уште живеам и сега се испречи и овој вирус поради кој веќе четврта година не можам децата да ги видам.
Требаше лани да дојдат но не можеа. Многу сум разочарана затоа што нашата држава дозволува да се иселуваат младите, затоа што немаат можности за работа и воопшто за убав живот.
Има премногу причини кои сите веќе ги знаеме поради кои не напуштаат децата. Уште колку вакви животни приказни треба да создаваме за да сфатиме дека нешто не чини во општеството и требаат промени?
Ние барем постарите знаеме како се живееше кога ние бевме млади, ретко кој помислуваше да замине во странство, а сега.. Им праќам поддршка на сите родители кои копнеат по своите деца и внуци и во вакви моменти не можат воопшто да ги видат. На крај сè се издржува само заради нашите деца и нивната иднина.
Обработил: А.С. Фото: Илустрација.
Авторски текст кој не смее да се превзема без дозвола од редакцијата на Кластер.мк