Малиот 7 годишен Македон е еден од најголемите потенцијали во Македонија – момче кое ветува многу

  • By klaster2
  • мај 6, 2022
  • 0
  • 602 Views

Македон Димитровски од Тетово има само седум години и со многу леснотија решава математички задачи кои се наменети за средно образование во високите класови.

Овa младо момче неодамна на Македонија и донесе златен медал во натпревар по математика, во конкуренција со уште 4.000 учесници ширум светот.

Случувањата со овој мал ге нијалец го отвори прашањето: Дали и колку образовниот систем е подготвен на пре дизвик за учење со овие мали генијалци ?

Токму на оваа тема екипата од телевизија Канал 5 зборуваше со професорката од Филозофскиот факултет Елена Ачковска Лешковска е професрор кој работи со надарените деца.

Таа ги тестира и им дава совети на родителите.Тие за неа велат дека таа е само еден човек во целиот систем кој им дава насоки и поддршка за нивните ген ијални деца.

Лешковска објаснува дека во развиенти земји прво има систем за третман на надарените деца со идентификација потоа едукација на деца со висок коефицент на интелигенција, каде се работи со посебни професори во сферата каде детето има капацитет над просекот во одредена област.

Кај нас се уште нема стратегија или концепција за идентификација и работа.Иако законски е регулирано дека треба да има концепција од страна на бирото за развој и министерството за образование, но кај нас се понудени додатна настава 36 часа годишно, секции и одење на натпревари и прескокнување на одделенија.

„Прескокнувањето на одделенија е меч со две лица. Да, детето има интелекутуален капацитет за 17 години, но има емотивен развој за седум годишно дете.

„Во таква стиуација многу е важна и емотивната зрелост дали тоа дете може да се снајде со 10 години постари луѓе. Сепак, мора псих ологот во училиштето да донесе одлука како тоа дете ќе учи“, вели професорката.

Родителите на Македон ниту една институција ги нема контактирно за неговите успеси и висока интелигенција. Но, засега нивната одлука е Македон да го живее детството со игри, а да учи со професор кој сами го ангажираат.

„Македон засега е многу мал сам да продолжи да се образува во странство. Во иднина ќе видиме“, вели мајката на Македон, Тина Димитровска.

Псих олозите велат дека 50 % од коефициентот на интелигенција е од гените, останатите 50 % се самата стимулација од средината во семејството.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.