Малата Емилија мора да пешачи 12 километри до училиште – дома се капат во мијалник, куќата и личи на се, само на дом не

  • By klaster2
  • април 4, 2022
  • 0
  • 479 Views

Славица Стефановиќ (57) од селото Трејак кај Бујановац е самохрана мајка која доживеала тешка судбина и животот воопшто не ја милувал.

Нејзината трошна куќа во која живее со ќерката Емилија (12) е полна со та га и бо лка. Куќа полна со емоции и неизвесност.

Пред неколку години се обе сил нејзиниот сопруг, а потоа и нејзиниот син. Секојдневно, покрај семејните лоши моменти, тие се бо рат и со сиромаштијата, само за да ја изведиЕмилија на вистинскиот пат.

– Се грижам за козите, берам печурки, боровинки за да заработам, се трудам на секаков начин да заработам – вели Славица на Тамара Мисирлиќ

Тамара пак како и вообично каде и да е најпотребно таа секогаш е таму и се става на располагање за да помогне и да ја сподели приказната насакаде.

– Тие се доста далеку од селскиот пат. Девојчето до училиштето и назад пешачи 12 километри. На никој не му посакувам таква судбина.

– Кога ќе влезете во таа куќа чувствувате бо лка и тоа е многу тажно. Ја имаат таа една соба во која спијат и двете, но ништо не е средено – вели Тамара за Телеграф.

Во нивната соба, која им е се, имаат еден телевизор, шпорет и фрижидер, но сето тоа е на работ да се расипе или е малку функционално.

– Немаат кујна или бања, се капат во мијалник. Се друго е во цигли, дома ништо не е средено, како времето да застанало.

– Би сакала барем да ѝ ја уредам собата и бањата на Емилија – додава Тамара и апелира до луѓето кои се во можност да помогнат малку да им се олесни животот на Славица и Емилија.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.