Биљал од Велес ја живее најголемата бо лка за еден родител.По тешката би тка за старателство врз своето дете, денес со минимални средства од социјалната помош принуден е да живее без струја и без основни услови за живот.
Прави се за детето да не почувствува дека се разликува од другите деца и најважна за него е насмевката на лицето на неговата ќерка.
Биљал има само 35 години, се оженил и ја добил ќерката Ајлин. Таа е единствената причина која го одржува во живот овој млад човек.
Но еден навидум обичен ден ќе му го преврти животот за 360 степени, сопругата ќе го напушти, а згора на тоа ќе ја изгуби и работата.
Поради долг кон дистрибуција, од март оваа година живее во мрак. Единствена позитивна работа во овој период ќе му биде новата љубов Катерина.
Ова семејство единствена светлина ја добива од сонцето, а се греат на плин бидејќи пари за дрва не стигнуваат, додека пак Катерина и покрај проблемите што ги има пере со ладна вода на раце, се бањаат кај соседите.
– Сопругата ме напушти, на секој можен начин се обидував да си го вратам детето и успеав, во тој период од овој свет замина и татко ми, раскажува Биљал со тешко срце.
– Тешко беше за детето, таа постојано прашуваше каде е мајка ми, а јас и велев цело време ќе дојде, но еден ден ја седнав и и реков:
– Ќерко моја, ситуацијата е таква каква што е и твојата мајка нема повеќе да се врати” детето не можев да го смирам цел ден, вели со солзи во очите Биљал.
– Се гледам само на камера со мојата мајка, многу ми недостасува, вели малата Ајлин пред камерите на ,,Срце на дланка”
– Еден од условите за да ја задржам ќерка ми е да имам струја но јас немам струја од март месец и имам долг од околу 127.000 денари, пари што ги немам.
– Дрва немам, многу се скапи, грееме вода на шпорет, а се бањаме кај пријатели, понекогаш и го полниме телефонот таму, многу сум и благодарен, иако немаат и тие многу никогаш не ме оставиле на цедило.
– Ја гледам Ајлин како свое дете иако не можам да и го заменам местото на нејзината мајка, и јас сум дете на разведени родители и знам како е, вели Катерина.
– И помагам на Катерина, се трудам јас да научам да работам, знам да правам супа и леќа, на мајка секогаш се помага, вели малата Ајлин.
– Многу би сакала да имам своја соба, убав кревет и чанта за на училиште, се дружам со другарите, одам кај нив тие навистина имаат убави соби, додава оваа седумгодишна девојка.
Доколку сакате да и помогнте на малата Ајлин и нејзиниот татко на било каков начин тоа може да го направите на телефонскиот број 075 317 610 или на трансакциската смета 210501618534774- Елизабета Алиева