Македонскиот пејач призна дека искористи зборови од Дино Мерлин: Откри и зошто го направи тоа

  • By admin
  • мај 14, 2021
  • 0
  • 1419 Views

Доколку го спомнеме неговото име и презиме, Драган Величковски, можеби многумина од вас нема да се сетат за кој познат македонски музичар станува збор.

Величковски е попознат под името Тајзи и важи за еден од најдобрите рап изведувачи во нашата држава, а неговите текстови се вистинско ремек дело.

Кумановски рапер Тајзи беше дел од дуото Скипи и Тајзи (Skipi & Tyzee). Роден е во Куманово, а својата кариера ја започнува како дел од аматерска рап група 120ка.

Деновиве Тајзи повторно е актуелн, а причината е новата песна насловена како Југ во дует со дуото „2Бона“.

Тајзи попладнево се огласи преку својата фејсбук страна каде што сподели еден момент поврзан за оваа песна:

Дино Мерлин за мене лично е најдобриот уметник и текстописец на балканот.Можеби токму поради него почнав да се занимавам со музика.

Единствениот артист на кој сум му бил на сите концерти во Македонија.Зборовите “Фурај мали” ги искористив во “ЈУГ” да покажам респект кон неговото дело и на тој начин да му заблагодарам за се што направи за музиката и за луѓето на балканот сите овие години.

Toa е стих од мојата омилена песна од него (Средином).Секако не е иста мелодијата на пеењето,само сакав да допре до луѓето.

Постарите да се сетат на едни убави времиња,а младиве генерации да чујат што е квалитетна музика со вистински морални вредности… ДИНО ВЕЛИЧИНО Благодарам

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.