Лука и Марио од Пелинце живеат во земјена куќа која секој момент може да ја снема: Бараат помош за нормално детство

  • By klaster3
  • април 22, 2022
  • 0
  • 624 Views

Далеку од очите на светот, стариот пат покрај реката Пчиња која со тивок шум ги вкрстува времето и просторот, манастирот Св. Прохор Пчињски и планината Козјак најдобро ги опишуваат вековите зад нас.

Хуманитарната организација „Срби за Србе“ го посети семејството Спасовски од Пелинце и ја објаснува нивната ситуација и потребата од помош.

„На врвот на ридот, во село Пелинце, доста далеку од другите семејства кои живеат во ова село, стои стара, земјена куќа која изгледа дека секој момент ќе се урне.

На наше чудење, крцкањето на старата дрвена врата и силуетата на момчето што се појави пред нас ги потврди нашите цр ни сом нежи дека сме пред домот на семејството Спасовски.

Самохраната мајка Христина, заедно со Лука (7) и Марио (1), нè пречека и нè воведе во куќа чија внатрешност не заостанува зад она што имавме можност да го видиме надвор.

Дупки на таванот и ѕидовите, гол бетон покриен со стари теписи, дотраен мебел, без бања и основни услови за живот – тоа е реалноста во која растат две деца.

„Минатата година ни се случи голема траге дија кога по чина мојот сопруг. Бидејќи не можевме сами, морав да се вратам кај мајка ми и брат ми, па моментално живееме во иста соба“ – изјави мајката Христина.

Видно потресени од те жината на ситуацијата во која се наоѓа ова семејство, се обидуваме да дојдеме до одговор за соодветна помош.

„Најмногу би сакале да живееме поблиску до централниот дел на селото. За да ни се оствари сонот треба да изградиме нова куќа во која децата би имале се што им е потребно за нормално детство“ – додава Христина.

Хуманитарната организација Срби за Србите започнува голема акција за помош на семејството Спасовски!

Приближната вредност на проектот за изградба на куќа е 35.000 евра, поради што ни е потребна помош од сите донатори за успешно да завршиме уште еден голем проект во Северна Македонија!“

СРБИЈА
1. СМС на 7763 (200 динара)
2. Сметка: 160-279491-71
ГЕРМАНИЈА
1. IBAN: DE84 7606 0618 0002 7519 92
2. Испратете SZS текст на 81190 (2,99 евра)
Линк https: donacije.srbizasrbe.org

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.