Лазар: Израснав во седумчлено семејство – секогаш е гужва пред бањата и трка за топла вода

  • By klaster2
  • март 25, 2022
  • 0
  • 308 Views

Животот во многудетно семејство често знае да биде турбулентен, исполнет со многу обврски и чекање, а младиот Лазар раскажува како се снаоѓа.

Во виралниот клип со наслов „Пораснав во седумчлено семејство со пет деца“ што го објави Лазар Филиповиќ предизвика големи реакции во јавноста.

Тој откри дека е едно од петте деца на неговите родители, и дека сите седуммина живеат заедно. Изнесува факти за нивното секојдневно функционирање.

Имено, она што првенствено ги интересираше повеќето корисници на ,,Тик Ток” кои го следат неговиот профил, е дали бањата е преполна, и дали има топла вода во бојлерот.

– Уф, секогаш е гужва пред бањата, и голема трка за топла вода, се караме кога некој ќе го испразни бојлерот, па за другиот нема.

– Тоа ни е еден вид на проблем, со кој се соочуваме, и јас понекогаш сум приморан да се бањам со студена вода, вели Лазар.

После тоа се појави прашање поврзано со самото семејство, односно дали сите деца се од ист татко и мајка: Да токму така сите сме од ист татко и мајка, додава тој.

– Сите деца сме од различни генерации, книги, белешки и тетратки има расфрлано на сите страни, како и облека, која ја средуваме но попусто.

– Кавгите се наше секојдневие, ги има доста, бидејќи има различни интереси но се трудиме да ги надминеме сите заедно.

– Ги знам датумите на раѓање на сите мои браќа и сестри, како и нивните телефонски броеви. Помагам на помалите браќа колку што ми се можностите.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.