Конечно пристигна убава вест и за македонските авиони за гаснење пожари

  • By admin
  • август 10, 2021
  • 0
  • 10033 Views

Црна Гора се придружува на напорите за гаснење на пожарите во Северна Македонија. Советот за одбрана и безбедност на Црна Гора донесе одлука да го одобри барањето на министерката за одбрана на Црна Гора, Оливера Ињац за упатување на хеликоптер Бел 412 како помош за Северна Македонија за справувањето со пожарите, соопшти Министерството за одбрана.

Од Министерството посочуваат дека помошта од Црна Гора доаѓа како резултат на барањето упатено од министерката за одбрана Радмила Шекеринска до нејзината црногорска колешка Оливера Ињац, а ќе биде имплементирана преку НАТО координативниот центар за одговор при кризи EADRCC. Помошта се состои од еден хеликоптер за гасење пожари Бел 412 и екипаж од четири лица.

Пристигнувањето на хеликоптерот се очекува утре, на 11 август, во утринските часови.

Како што е познато претходно четири хеликоптери ни испрати и соседна Србија кои во меѓувреме се препратени во Грција која исто така се соочува со пожари.

Но затоа пак во Македонија пристигнаа романските Спартан и Херкулес. Противпожарното летало C27 Спартан е првиот авион кој пристигна од Романија за да ги гаси пожарите во Македонија. Покрај Спартан канадер, Романија како помош испрати уште еден многу поголем авион за гаснење на пожарите – Херкулес 530

Македонските Трите Ер трактори кои изминативе две години чекаа во хангари за да бидат оспособени за лет, наскоро заминуваат на сервисирање во Шпанија.

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Беким Максути за Дојче веле на македонски јазик вели дека ја потпишал одлуката за сервисирање на авионите со операторот од Шпанија, по што се очекува за да почнат домашните и меѓународните процедури за нивен транспорт.

И вицепремиерот Артан Груби најави дека во најскоро време авионите ќе бидат однесени на сервис, иако тоа ќе чинело многу повеќе од предвиденото во тендерот.

Тој вели дека цените се нагло пораснати повеќе од 50 проценти од она што е предвидено во тендерската постапка и затоа пропадале претходните две постапки.

Сервисирањето трае од месец и половина до два, што значи дека авионите ќе можат да бидат ставени во функција пред октомври. Сервисот е со важност од само една година, а чини околу 400 илјади евра.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.