Киро од делчевско се врати од Швајцарија и подигна фарма за магариња, но сега ја продава и ќе се враќа назад повторно

  • By admin
  • јуни 1, 2022
  • 0
  • 571 Views

Општо познато е дека многу Македонци по потрага по подобар живот се решваат да ја напуштат државата и да се иселат во некоја од западно европските држави, а некои одат и преку океаоно.

Иако во помал дел, сепак има пример каде што наши иселеници по години и години во дијаспората се решаваат да се вратат во родните краишта.

Некои од нив како пензионери, но некои и помлади за да започнат некој бизнис и да го пренесат стекнатото знање во странство.

Еден од оние кои направи ваков потег е и Киро Гоцевски од Делчево за кој медиумите пред неколку години пишуваа за неговата фарма за магариња.

Имено Киро по долги години работа во Швајцарија решил еден ден да се спакува и да се врати во родното место, а заработеното да го вложи во делчевското село Нов Истевник.

За поголем дел од јавноста Киро веќе е познат откако реши да подигне фарма за магариња од кои требаше да произведува и продава магарешко млеко.

Имено свежото магарешко млеко во регионот се продава по цена од околу 80 евра за литар, додека пак замрзнатото по околу 50 евра.

Сепак се чини работите не тргнале по посакуваното ако се земе предвид дека деновиве на некои портали се појави Оглас во кој се вели: Се продава фарма за магариња.

Во описто на истиот се вели дека се нудат:44 магариња, зграда од 300 м2, комплет механизација, како и 1000 литри замрзнато магарешко млекo и 1,5 хектар земјиште.

Фармата се наоѓа во село Нов Истевник, Делчево. Телефон за контакт: 071/504-333 (Киро Гоцевски)

Газдата Киро во изјава за Фокус ја потврди оваа информација и рече дека „Едно се очекувањата, реалноста во Македонија е друго“, и притоа најави дека најверојатно повторно ќе се врати во Швајцарија.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.