Кире од скопско: И храна да немам ќе преживеам, но таблети морам да имам, ова веќе не се трпи

  • By klaster2
  • март 20, 2022
  • 0
  • 577 Views

Снежана Јовановска од Волково млада одлучува да стане сопруга и мајка, но подоцна тоа ќе се покаже како погрешен потег. Таа има доста тежок живот.

 

Таа е самохрана мајка, живеат во шупа во нечовечки услови. А денес се соочува со уште еден предизвик, бор ба за животот на сопственото дете.

Да не бил свекорот, таа одмана ќе завршила на другиот свет. Па така решила да стави крај на бракот, а судот и ги дели децата. Таа го чува помалиот син Владо.

Од тој ден животот и станува уште повеќе тежок, ќе живее под кирии, честопати ќе биде без храна. А нема ден да не помисили за празнината за другиот син Кире.

Живееле во шупа, каде што сопствениците чувале добиток. А како да не е тоа доволно од пред некој месец за да се спаси од кучињата синот скокнал од виоко и се пов редил.

Досега поминал низ три зафати, а може да остане во кревет и засекогаш, па вели ,, И храна да немам ќе преживеам, само да ми помогне добриот народ за да си купам лекови”

– Се омажив доста млада, но тој потег ми го промени животот нагло. Сопругот започна да пие, започна и да ме малтре тира.

– Се вратив, еднаш но попусто, пак истата приказна. И решив да ставам крај на тој брак. На суд децата ни ги поделија.

– Тоа ми падна многу тешко и ме бележа за цел живот. Отидов неколку пати да го видам и на училиште и на пат, но другиот син не сакаше да ме види ни мене ни брат му.

– Откако се отселив од кај сопругот заминав кај моите родители, но набргу потоа брат ми се ожени и немаше простор за нас.

– Па моравме да заминеме под кирија. И од тогаш се селевме на многу места. Немав можност да завршам средно образование, а не можев да му обезбедам да се школува и на синот.

– Ова каде што сме сега се само околу две недели, претходно живеевме во една шупа. Претходно кокошки чувале таму сопствениците.

– Откако настапи пандемијата на нас ситуацијата ни стана многу полоша, одев работев каде ќе ме викнат, но сега не можам да го оставам синот.

– Сега пред некој месец, синот отиде леб да купи, ми заѕвони комшивката и ми рече дека син ми е кај нив во дворот паднал откако бил напа днат од кучиња.

– Вујко ми го сметав татко, но за жал го изгубив него, со мајка ми одиме од кирија на кирија, живеевме и во една шупа која мирисаше на влага и не беше достојна за живот.

– Но немавме избор. Колку и да се трдуиш, толку е парите се тие. Работев каде ќе ме викнат на приватно. Работев угостителство но откако фати короната останав без работа.

– Потоа се случи и овој не мил настан. За среќа излегоа сопствениците на имотот каде што скокнав инаку кучињата ќе ме довршеа.

– Во болница бев 21 ден, имав три зафати, а сега морам да имам и четврти. Ми велат пиј витамини и некој таблети, но немам пари, вели Владо.

– Не знам како ќе продолжиме, сега треба да оди на четврти зафат, се молам да се опорави и да почне да работи, вели за ,,Срце на Дланка” Снежана.

– Немаме функционален телевизор, ниту фрижидер, ниту витамини можам да му купам. Најголема желба ми е двата сина да ми бидат заедно и да застанеме на нога сите заедно.

– Таблети имам уште за денес, но потоа не знам што ќе правам, една таблета е 250 денари. Се надевам на Бога и на народот што ќе помогне.

Доколку сакате да му помогнете на ова семејство тоа може да го сторите на телефонскиот број 072 657 075 или на жиро сметката 300007075351435 Комерцијална банка

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.