Ирена Спасовска: Јас бев чесна и искрена за разлика од некои кој се во брак заради пари

  • By klaster2
  • март 8, 2022
  • 0
  • 468 Views

За Ирена Спасовска добро познато е дека важи за пејачките од онаа постарата гарда која со успех на сцената опстојува веќе подолг период.

Таа без сомнение е една од најпознатите македонската фолкерката. Ирена Спасовска ужива во животот и сопствената слобода, користејќи го секој миг да се посвети на себе и својата кариера.

Бидејќи е на домашната музичка сцена уште од далечната 1989 година, Иренче добро знае да ги прати трендовите и да остане актуелна, а притоа да ја задржи својата препознатливост.

– Ниту еднаш не сум се покајала што ја избрав музиката и уште еднаш да се родам повторно би ја одбрала музиката секако доколку го имам тој глас и талент.

Фолк пејачката Ирена Спасовска и нејзиниот долгогодишен партнер, новинарот Орце Гелевски се разделија. По 13 годишна врска во која невенчано живееја заедно па така таа го прокоментира разделувањто за ,,Бекстејџ”

– Многу жени немаат храброст да прекинат некоја врска или некој брак, но на мене битно ми беше мојата слобода, вели Спасовска.

– Мојата среќа ми беше најбитна. Останатите чудно го прифатија тоа, но како што велат секое чудо за три дена поминува, на некој начин оставив кучињата да си лаат.

– Не треба разводот во 21 век да се сваќа како табу тема. Исто така и пластичните зафати, за такви работи е жално да се зборува.

– Темата за разделувањето со партнерот се актелизираше овие денови, но можам да кажам дека немаше мешања од трети и четврти личности во нашата заедница.

– Да бидам искрена јас го оставив, бидејќи кога ќе заврши љубовта мислам дека нема веќе потреба да се биде во врска.

– Јас бев доста чесна и искрена за разлика од некој што живеат во брак поради интерес за деца, за пари и за статус во опшеството.

– Јас како личност што имам своја работа знам да се грижам за себе и за својата ќерка не ми треба тој статус. Во тој момент одлучив да бидам слободна.

– Решив да си се посветам на музиката, во заедницата не можам да поминам преку монотонијата. Кога едниот партнер дава во смисла на енергија а другито не.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.