Ирена Спасовска ги извади од памет пријателите и фановите: Многу ми е жал

  • By admin
  • јануари 26, 2022
  • 0
  • 614 Views

Една од најпознатите македонската фолкерката Ирена Спасовска ужива во животот и сопствената слобода, користејќи го секој миг да се посвети на себе и својата кариера.

Бидејќи е на домашната музичка сцена уште од далечната 1989 година, Иренче добро знае дека на естрадата освен добра песна, потребна е и убавина.

Кариерата на Ирена Спасовска трае веќе 30 години, таа многу одамна за првпат се фатила за микрофонот и од тогаш пеењето е нејзина професија која ја работи со многу љубов и посветеност.

На 16 години веќе бев најмалиот учесник на Фолк-фест Валандово во 1988 година, го имавме заедничкиот настап со Адријана, и сето тоа со молскавична светлила некако се одвиваше, и мислам дека до 20 години веќе го прошетав цел свет.

Бевме насекаде, напоредно и учев, и тоа е во кратки црти за тој период“, рече Ирена во едно свое неодамнешно интерјув.

-Не дека јас сум стара, туку едноставно почнав да пеам на 14-15 години, и затоа вела не суѕм ни толку стара, иако некој ќе рече: Леле, од кога пее Ирена? И сите добиваат една погрешна слика. Инаку сум во цутот на најубавата младост“, рече пејачката.

Ирена Спасовска откако комплетно „сврте нов лист“ во животот и на приватен и на професионален план, е се поактивна

Ирена Спасовска реши малку да се пошегува со своите пријатели и фанови и да ги извади од памет со својата денешна објава на фејсбук во која вели:

Секој кој бил во контакт со мене во последните 10 дена, треба да се тестира задолжително.Имам симптоми неколку дена и тоа е веќе потврдено.

Многу ми е жал Дијагноза: неодолив шарм, насмеанa, забавна, дружељубива, културна, малку зафркната, а се тоа е многу заразно. Ви благодарам на вниманието.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.