Индира Радиќ: На 55 години не сакам да изгледам како да имам 30, сакам да имам брчки

  • By klaster3
  • април 11, 2022
  • 0
  • 555 Views

Кога ја започна својата кариера во 1992 година, заштитен знак и беше долгата кадрава коса, но денес нејзината фризура и целокупниот изглед се многу помодерни. Поради нејзината препознатлива фризура многумина ја нарекуваа српската Шакирa.

Пејачката Индира Радиќ последниве години ретко се појавуваше во јавноста. Таа се уште работи со полна пареа, но ја нема во медиумите, бидејќи, како што објасни, и е преку глава од нив.

-Уморна сум, долго време сум на сцената и можеби затоа не сум толку во јавноста. Си барам мир и уживам, убаво ми е. Мислам дека поминав многу во кариерата и сега треба да водам поинаков начин на живот.

Често се слика без шминка и тоа го споделува со своите следбеници на социјалните мрежи. Фолкерката изрази мислење кое драстично се разликува од повеќето нејзини колешки.

Индира се осврна на физичкиот изглед и негата на лицето и телото и истакна дека грижата е многу важна, особено за жените на нејзина возраст, но и како се запознала и соработувала со Ален Исламовиќ со кој ја сними песната „Лопов“.

Иако многу нејзини колешки направија естетска операција за да го задржат својот младешки изглед, Индира вели дека не се плаши од брчките.

Поради својот атрактивен изглед, Индира ја споредуваа и со познатата Памела Андерсон, а пејачката денеска вели дека не сака да прави никакви естетски корекции на себе и е поддржувач на природната убавина.

– Навистина не сакам да изгледам како да имам 30 на 55 години. Сакам да имам брчки, сакам да се гледаат, но не сакам да имам сива коса. Ова се работи што може да се контролираат, но најважна е љубовта кон себе – изјави пејачката за српските медиуми.

-Со Ален се сретнавме во Тузла, прво договорот беше да имаме добра песна и да направиме дует, на што рече дека не е проблем само откако ќе ја слушне песната.

Тој потоа го сними својот дел во Тузла, а јас мојот во Белград. Првпат после тоа кога се сретнавме беше како да се познаваме цел живот. Тоа се некои космички енергии кои мора да се случат – истакна Радиќ.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.