Има 16 години и две деца, истовремено е одлична во училиште

  • By klaster2
  • февруари 5, 2022
  • 0
  • 555 Views

Некогаш е тешко да се усогласат семејните и деловните обврски, но има и жени кои многу порано се одлучуваат за мајчинството и жонглираат помеѓу учењето и воспитувањето на децата.

Меѓу нив е и 16-годишната Ава Кинг од Индијана, самохрана мајка на 23-месечниот Џордан и осуммесечното девојче Аваја.

„Тешко е, но јас ги сакам моите деца“, призна таа во видеото што го објави на TikTok, каде што ја следат повеќе од 117.000 луѓе.

Со помош на семејството и пријателите, оваа тинејџерка успева со голем успех да оди на училиште и да се грижи за две мали деца дома. Згора на тоа, се поверојатно е дека Ава ќе заврши средно училиште и ќе дипломира пред нејзините врсници.

Ава живее со својата мајка и сестрите, а нејзината баба понекогаш се грижи за нејзините деца. Иако некои ја критикуваат дека толку рано станала мајка, има повеќе кои се восхитуваат на нејзината упорност.

“Добро знам колку е тешко. Самата станав мајка како тинејџерка, завршив училиште и работев со полно работно време. Ти се восхитувам”, ѝ рекол едно лице.

Ава се појави во епизода од ,,Моето извонредно семејство”. Таа забременила со своето прво дете кога имала само 13 години.

Таа го изгубила својот татко кога имала 11 години. Тој пошол по лошите патеки и завршил во вечноста. Нејзиното момче ја изневерува во текот на целата бременост, што таа го дозна дури подоцна.

Таа се породила во февруари 2020 година. По породувањето, таа имала доста големи здраствени пролбеми. Шест месеци подоцна дознала дека е повторно бремена. Пиела апчиња, но не делувале.

“Бев преоптоварена. Седнав и плачев. Мислев дека можам да се справам со едно дете, но не со две. Се пла шев дека нема да можам да им дадам доволно љубов. Не знаев што да правам”, се присетува таа.

На наговор на семејството го задржала детето. Таа не е во врска со таткото на нејзините деца. Денес, таа има и канал на YouTube каде што објавува влогови за да им помогне на другите во слична ситуација.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.