Игор Џамбазов со оправдание го носи епитетот на еден од најдобрите и најпознати Македонци, човек со неколку професии кој според многумина ја доживува својата втора младост.
Последниот период повторно е доста активен на музички план и настапува ширум Македонија, а слободното време го поминува најчесто во Дојран.
Како што е познато Џамбазов пред извесен период упати порака на дискотеките и клубовите каде што со настапи предничат странски изведувачи.
Водителот, шоумен, музичар и писател веќе извесен период е вљубен во планинарката Илина Арсова со која поминува се повеќе време, а тие често споделуваат заеднички фотки и видеа на социјалните мрежи.
-Се запознавме пред пет години, преку наши заеднички пријатели во Охрид. Го побарав од нив нејзиниот број и и се јавив. И се претставив и и кажав, сите сакаат да се запознаат со мене, а еве јас сакам да те запознаам тебе.
После тоа се видовме, неколку дена се дружевме и јас променив локација. После неколку месеци ми се случи првиот здравстен кр ах, бев во болница и добив неколку поддржувачки пораки од неа.
Се немавме видено долго време се додека не почна карантинот. Се сретнавме во Дојран, а се после тоа е историја, раскажа во една прилика за Бекстјеџ Џамбазов.
Илина инаку е позната алпинистка, планинарка, ликовен уметник, скијачка и често мора да патува надвор од Македонија. Таа стана првата Македонка што го освои највисокиот врв на светот Монт Еверест.
Од она што го споделуваат на социјалните мрежи познато е дека си се најголема поддршка во сите нивни важни моменти, па така и пред некој ден кога Игор ја удостои саканата со специјална честитка за нејзиниот роденден.
Освен тоа, сподели и што и купил како подарок, а не остана незабележен и нејзиниот начин на заблагодарување.
„За роденденот и купив куфер. Куфер. Тоа е она со кое патуваш. Утредента си замина со истиот тој куфер. Па се купува ли куфер, Џамбазов, говедо едно непрокопсано..Сам сум се уб ивал. Еј животе, француски предлогу..“