Ибин од тетовски: Ги гледав тато и бато како пред очи ми заминуваат – не можев ништо да направам

  • By admin
  • септември 12, 2021
  • 0
  • 9904 Views

Синот од семејството Емшиу од селото Синичане, Тетово, раскажа за настанот која се случи на 8 септември кога во пожарот во ковид центарот ги загуби својот татко и брат.

Иако во време на пандемија, вели дека не може да ги врати луѓето кои доаѓаат да изразат сочувство.

Ибин Емшиу раскажува за ТВ21 кога пред негови очи ги изгубил неговиот 56 годишен татко и 28 годишниот брат кој бил неподвижен.

Бил таму но не можел да им помогне и не можел да стори ништо кога започнал пожарот.

„Уж ас, ги гледав, гледав како горат во пожарот, излегов одзади ги видов татко ми и брат ми, ври скаа! Само ври соците на татко ми, го гледав и не можев да помогнам.

Не можев да реагирам бидејќи пламенот беше високо и никој не можеше ништо да направи, додека дојдоа пожарникарите и кога го изгаснаа пожарот, останат беше само пепел.“, вели Емшиу.

Ибин раскажа дека се грижел за нив од 5 септември кога се вратил од странство, вели дека дури и чаршави купил сам, бидејќи не ги менувале дури и кога ќе поч инел некој.

„Јас во неделата дојдов од Италија и беа сместени таму се до настанот, медицинска сестра имаше секогаш, една или две, и немаа грижа воопшто.

Побарав бели алишта, немаше, се купив сам, маски, ракавици, хигиенски препарати, покривачи, перници, се, бидејќи немаше ништо. Луѓето ум ираа и носеа пациенти без да ги сменат, видов со свои очи.“, рече Ибин.

Тој е сега останат сам во домот. Мајка му поч инала пред неколку години, од како што вели, лекарска грешка, а тврди дека и брат му, сега по коен, останал неподвижен поради лекарска грешка.

„Го молам Господ да излезе вистината на виделина, да одговараат пред законот, и со душата пред Господ. За некој што гледа, бол ка е, но некому му е изгорена душата, две жр тви во едно семејство каде остана само еден член, тоа воопшто не е лесно, некој ова го гледа од политичка страна дека се случила траге дија иако не треба да се случуваат вакви работи, но се случуваат.“, рече Емшиу.

Целата сторија со видео прилог може да ја проследите на ТВ 21.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.