Самиот живот е предизвик во секое време. Сепак, оние кои се прашуваат како да опстанат денес и што ќе има за утре на нив им е уште потешко.
Во сопствена кожа тоа најдобро го чувствуваат членовите на семејството Мачановиќ од Никшиќ. Андријана (11), Дијана (12), Ана (15) Перо (13) и Тодор (14).
Најголемиот син Тодор иако има само 14 години не размислува како останатите негови врсници за играчки, видео игри и слично.
Тој има само една единствена желба, а тоа е да има косилка со која би работел и би допринел дома за да има на трпезата нешто да се касне.
Реченицата на Тодор зборува за значително поинаков поглед на реалноста од неговите врсници. Ова дете уште од мали нози ја видел темната страна на животот.
Во трошната куќа изградена пред повеќе од половина век, за нив се грижи таткото Новак, кој од петни жили се труди да им обезбеди пристоен живот на своите деца.
Но и нему толку му е можноста, останал без работа бидејќи фирмата каде што работел пропаднала а сега работи каде ќе го викнат.
Но неможе само да се фокусира на работата мора да мисли и за семејствотот бидејќи тој е и мајка и татко, буквално се за овие деца.
Сепак единството е тоа што ги краси, сплотеноста на ова семејство и тоа што си помагаат еден со друг. Тука е и Ана која е највозрасна.
Таа колку толку гледа да ги покрие женските работи во куќата и да биде еден вид домаќина иако има само 15 години, веќе изгледа зрело.
Екипата на ,,Србизасрбе.орг” го посети ова семејство ја увиде ситуацијата и допринесе нивната приказна да допре до луѓето со цел да им се помогне.
ФОТО: ,,Србизасрбе.орг”