За две чаши вода на келнерката оставил бакшиш од 10.000 долари

  • By klaster2
  • април 24, 2022
  • 0
  • 498 Views

Студентка која покрај факлутетот работи како келнерка, не можела да се вразуми кога видела колку бакшиш и оставил гостин кој нарачал само две чаши вода.

Алаина Кастер од Северна Каролина се изненадила кога гостинот и оставил дури 10 илјади долари со порака која ја оставила со подотворена уста.

,, Веќе неколку години работам овде, морам за да си овозможам добар живот додека не го завршам факлутетот и не се вработам.

,, Беше околу еден час во локалот испи две чаши вода и остави бакшиш а пораката гласеше: „Ти благодарам за убавата вода“.

“Не можев да верувам дека парите се вистински. Рацете ми се тре сеа премногу за да почнам да бројам, а имаше премногу вели Алаина.

Се испостави дека човекот кој и ги оставил парите е всушност големата ѕвезда на Јутјуб Џими Доналдсон, попознат по уметничкото име ,,Мр Бест”

Откако го напуштил објектот, останале уште двајца гости со намера да ја снимат реакцијата на келнерката која тој ќе ја објави на својот канал кој го следи речиси девет милиони луѓе.

Џими набрзо се вратил и и објаснил на изненадената келнерка за што се работи, а таа воодушевено го прегрна него и неговиот тим.

Алаина задржала дел од парите, но инсистирала остатокот да го подели со колегите. Бидејќи сите биле дел од тоа случување.

„Овие пари се вистински благослов. Повеќето мои колеги се сиромашни студенти и овој подарок многу ќе ни помогне“, заклучи таа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.