Единствената ќерка на Есма после долг период проговори за својата мајка

  • By klaster2
  • март 16, 2022
  • 0
  • 625 Views

Есма Реџепова несомнено е една од нашите најголеми амбасадори во светски рамки, со спојот на музиката и на хуманата страна таа ја претставуваше Македонија во најубаво светла ширум светот.

Таа кралицата на ромската музика и остави белег кој треба да се негува. Помагаше таму каде што требаше, а денес сме сведоци што се случува со нејзиното наследство и распра виите околу него, што секако не го заслуѓува таа.

Жена- Мајка која имаше големо срце, па во текот на животот посвои четириесет и осум деца, а меѓу нив имаше само едно девојче – а пејачката ја нарече единствена наследничка.

Легендарната пејачка Есма Реџепова замина во вечноста во декември 2016 година, во Скопје, на 73-годишна возраст, по кратко и тешко бо ледување.

Кариерата на Есма траеше речиси шест децении, а освен по музиката, Есма беше позната и по хуманитарната работа и несебичноста, што се одрази со тоа што посвои неверојатни четириесет и осум деца!

Есма посвои дури четириесет и седум сина и само една ќерка – убавата Елеонора Мустафовска. Есма ја посвои Елеонора во 2012 година, само неколку години пред нејзината см рт, но таа ја нарече нејзина наследничка и имаше само пофални зборови за неа.

– Одлично се согласувавме, исто како мајка и ќерка. Сфатив дека во подоцнежните години е подобро да се има женско отколку машко, и не се ла жев.

Елеонора студираше на Универзитетот во Скопје. Следната година дипломира соло пеење, а веќе три години е членка на еден бенд.

По завршувањето на училиштето, Елеонора започнала да гради музичка кариера и го зема интересното музичко име „Малиша“.

Младата пејачка не криеше дека заминувањето од овој свет на нејзината мајка и паднала многу тешко и дека и требало време за да пребо ли:

– Имавме врска како вистинска мајка и ќерка. Изгубив личност која ми значеше многу во животот. Таа ме научи да пеам.

– Kако да се бо рам низ животот и ми покажа што значат човечките вредности. Беше нешто посебно и многу ми е тешко што веќе ја нема – изјави за ,,Ало.рс” Елеонора.

– Нејзиното заминување ме растажи до крајни граници, ми требаше долго време да почнам да живеам нормално и да продолжам понатаму.

– Сè уште верувам дека таа ме чува од рајот и дека е среќна што тргнав по нејзините стапки и по правиот пат – изјави единствената ќерка на Есма.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.