Додека нашите работници се во Италија, во Македонија на помош доаѓаат работници од соседството

  • By admin
  • септември 27, 2021
  • 0
  • 6128 Views

Како што е познато со симболично откинување на првото јаболко, во рамките на манифестацијата „Преспански јаболкобер” денеска во Ресен почнува бербата на преспанското јаболко.

На почетокот на бербата, која според традицијата во Преспа, почнува на големиот христијански празник Крстовден, покрај градоначалникот Живко Гошаревски, најавено е присуство на премиерот Зоран Заев и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа.

Симболично, првото јаболко ќе биде откинато во овоштарникот на „Свислион” во Ресен.

На манифестација „Преспански јабоклобер”, која почна во саботата со фудбалски турнир на јуниорски групи, ќе бидат доделени и општинските награди за најдобри земјоделци.

Потоа следува презентација на земјоделска механизација и производи, а ќе биде промовирана и традиционална Преспанска храна и рачни изработки.

Веќе години наназад за овоштарите во овој дел од државата еден вид предизвик е пронаоѓање на сезонски работници за берба на плодот.

Во период кога многу наши Македонци заминуваат на сезонска работа за берба на грозје и јабуки најчесто во Италија, но и Швајцарија, се јавува недостаток и кај нас.

Минатата година ова беше надминато со сезонски работници од Албанија, а договорената дневница беше 1.200 денари.

Во Преспа за берење на јаболка дневно се потребни од 700 до 1.000 работници, а има овоштари кој ангажираат од 8 до 12 сезонски работници за берба.

Бербата во просек трае 30 дена и ако не се обезбедат работници, можно е поголем дел од јаболката да останат необрани.

-На оние кој имаат да наберат повеќе од 300 гајби ќе им требаат сезонски работници. Обично бројот на работници кои се ангажираат варира во зависност од површината на засадени јаболка.

За да се наберат од четири до пет илјади гајби потребни се 5-6 сезонски работници. Сезонските работници од Албанија и од другите градови од државата се ангажираат од 20 до 25 дена колку што трае бербата, вели еден овоштар од Здружението на овоштари од Преспа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.