Денеска се празнува Богојавление, денот кога бил покрстен Исус Христос. Традиционално во сите христијански населби, села, градови се фрла светиот крст.
По една година пауза поради пандемијата, оваа година можевме да видиме солидна бројка на капачи кој скокнаа во светите води.
Од соседна Србија ни доаѓа една храбра и интересна сторија полна со живот. Традиционалното капење се одвиваше и во Земун а помеѓу нив и Дејан Кузминац.
Како што рече во интервју за ,,Телеграф,, ова е втор пат да скока по светиот крст. Но неговата состојба го прави уште побитен фактот што влегува по светиот крст.
– Не е важен победникот, важна е манифестацијата – рече тој и додаде дека претходниот пат скокал во Земун, а во 2005 година останал без нозе во сообраќајна не среќа.
– Тоа за мене е одлично искуство, светост и здравје пред се. Искрено не очекував толкава бројка, но ете паузата направи да има и повеќе.
– Докажувам дека ништо не е невозможно, и покрај мојот инва лидитет докажав дека се е можно, вели овој храбар човек кој влегол во светите води.
– Не ми е прв пат сум скокал и повеќе пати по светиот крст, не е битно кој ќе го фати, битна е традицијата и тоа што не има во голем број, додава тој.
– Ова е еден од најголемите христијански денови, капењето во оваа света вода не може да ви наштети туку може да ви даде благодет, додава Дејан.
– За жал останав во ваква ситуација каква што сум, но тоа не ме спречува да продолжам кон моите соништа и желби во животот.