Медицинскиот техничар Дени Јанкуловски кој во јавноста стана познат како и Денко Космонаутко повторно се огласи преку својот профил на фејсбук каде напиша:
Препозитивно е дефинитивно. Млади, стари, нема селекција. Еден позитивен дома – сите позитивни, во најголем број случаи.
На моменти ми се чини дека вирусов го има насекаде па и меѓу буквиве на тастатурава.
Не е ни битно кој сој е, Омикрон, Флукрон или како и да ги крстат. Нека е и КојГоСмислиКрон.
Според она што го гледам (мислам дека е така или барем се надевам) доброто во цела оваа каша попара од големиот број на позитивни случаи е сепак малата хоспитализација и релативно лесна клиничка слика но не кај секого, некои и потешко поминуваат, што укажува едно нешто многу важно:
Без опуштање и размислување како за нешто на кое не треба да му се придава значење, тогаш не пријателот е најјак.
Затоа што никој ништо не знаеме а малку треба за голема бељ а. А доста ни е од бељ и!!
Само прифаќање на фактот дека е тука меѓу нас и соодветно совесно однесување за себезаштита и заштита на сите околу нас.
Толку треба за да биде се како што треба, да биде се’ во ред и нас да не биде. И ќе биде.
Чувајте се. За дружби, за насмевки и прегратки во живо, за гуш и бац. За сето ова со сите што ни се сакани со кои сакаме и понатаму да го имаме секојдневието ЗАЕДНО.
За сите нив и секако за сите вас – Чувајте се