Денко Космонаутко: Воопшто не жалам што немам диплома, тоа што го работам едноставно го обожавам

  • By admin
  • април 7, 2022
  • 0
  • 363 Views

Денис Јанкуловски или попознат во јавноста како Денко Космонаутко е еден од омилените медицински техничари на многумина. За него пошироката јавност прво дозна како лице кое зема брисови за вирусот, а подоцна и вакцинира.

Тој на својот профил денес се огласи со долг стату со кој се осврна на својата професија и работа:

7ми април, ден на здравјето и на здравствените работници. Од мал или да речам нешто поголем од мал најголемата желба во врска со „што сакам да бидам кога ќе пораснам“ беше да работам на судска медицина (се запишав на Медицински факултет, стигнав до 1/3 и сега судската ми е на само на ТБ во ЦСИ)

Си останав медицински техничар или како што секогаш си се зафркавам – јас сум сестра. И воопшто не жалам што немам диплома, тоа што сум, тоа што го работам едноставно го обожавам.

Независно дали е земање брисеви на Микробиологија, дали е понекогаш дезинфекција или теренски во потрага по короната како дел од Епидемиологија. Впрочем не е ни битно каде и на кој дел. Едноставно – работиш.

Си се заветил дека ќе дадеш се од себе за секој пациент, нема да правиш никаква разлика по ниедна основа, дека ќе се грижиш подеднакво за секого.

Здравствениот систем ни е далеку од идеален, секако дека има многу работа за големо подобрување, но тој систем го сочинуваме ние па затоа и наша е задачата на тема поквалитетно здравство кое го заслужува секој еден кој е дел од ова општество, не треба да чекаме некој да дојде со магично стапче и одма да биде се во ред, Арабела е само измислен лим

Тоа подобрување ќе го направиме на разни начини, преку укажување на несоодветни ситуации а не нивно премолчување, со многу посериозно образување на стручни кадри, вработување на соодветни кадри на соодветни места.

А вработувањето да е секојдневно пропратено со едукација, обновување и надградување на знаењата. Но најмногу и најголеми резултати ќе даде самата работа, совесносто и одговорно пристапување кон работните задачи и колку и да се тешки, на порни, колку и да ни личи дека не се издржува – нема откажување кога се работи за здравето.

ССС IV-ти степен Медицинска сестра – техничар како дел од здравството за мене e една од најубавите струки. Дел си од здравствената нега која на луѓето и тоа како им е потребна.

Професионално, но сепак си дел од нечиј живот, од твојата совесна, одговорна и секако стручна работа често зависи и понатамошниот дел од нечиј живот.

Секако дека работата на медицинските сестри е со различна тежина на различни работни места. На некои места дури и ис црпувачка. Но чувството на излекуван и насмеан пациент секогаш ја потиснува тешкотијата со која моите колеги и колешки се среќаваат.

оа чувство кое нас не` исполнува, чувство кое ни ги исполнува срцата и душата со пријатна емоција која нема дефиниција, е тоа чувство е бесценето. Поголемо од било каква и да е награда.

Во семејството имам неколку медицински лица. Вин овни за мојата определба и љубов кон медицината се моите две братучетки кои ми се повеќе од сестри Весна Неделковска и Елена Неделковски врвни доктори, моја гордост.

Гледајќи ги нив и нивната работа бев воодушевен од нивниот начин на функционирање, од нивниот пристап, нивнoтo огромно знаење и сигурност и знаев дека мојот правец е натаму. Знаев дека нив како доктори им треба сестра во фамилија

Она за што се определив после основно во далечната 1986, она што го работам е она што го сакам, го работам со голем кеиф и љубов.

Чуствувам, всушност знам дека таа `86 го имам направено вистинскиот избор поднесувајќи ги документите во Панче, како да она што било негде запишано сум го реализирал, како да сум пог одил во центар.

Верувам дека ако не 100 барем 95% од медицинските сестри исто така работат затоа што не можеш да работиш нешто што е поврзано со човек, со неговото здравје а да не го работиш со вистинска посветеност и чувства.

Последниве две години особено се виде и истакна значењето, местоположбата и функцијата на медицинската сестра во системот кој функционира само со заедничко работење и почитување на секој здравствен работник.

Се гордеам со сите мои колеги и колешки, со сите здравствени работници, со нивното справување со секојдневните предизвици и чест ми е што сум дел од таа фела.

Нека ни е честит патронатот 7ми април, денот на здравјето и сите здравствени работници. Гуш и бац од сестра Космонаутко

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.