Денис од Куманово: Морам да собирам шишиња за да донесам 100 денари дома, децата ги исмеваат во училиште

  • By klaster2
  • април 17, 2022
  • 0
  • 580 Views

Денис Василевски од Куманово уште на свои шест години останува без родителска грижа. Цел живот сонува да создаде семејство и да му приреди убави услови за живот.

Денес тој има семејство но услови за живот не. За него во текот на детство се грижи неговиот постар брат. Немале детство како сите други.

И тоа што нема кој да нарече ,,мамо” и ,,тато” ќе остане да бо ли засекогаш. Затоа си ветува дека кога ќе порасне ке основа големо семејство.

Но тој денеска е богат само поради семејството, а сиромашен поради немаштија. Не е моќен на децата да им обезбеди пристоен живот.

Тој веќе 16 години живее под кирија. А кога пред две години решава да ја реновира собата на своите деца и подигнува кредит, тогаш тој останува без работа и настануваат сите проблеми и нивната неизвесност во животот.

Неговата рожба често легнува и станува со солзи. Гладни и жедни како и предмет на потсмев од соседите и другарчињата.

Овој татко со децата некогаш спиел и под отворено небо. Бил принуден и да проси, а пред три години се вработува во една градежна фирма, но пандемијата ќе го остави и без работа а ќе му натрупа многу долгови.

– На моја шест годишна возраст ги изгубив моите родители, тоа беше тежок период а мојот постар брат ме порасна. Ми недостигаа многу родителите.

– Подоцна се оженив, основав семејство но ситуацијата не беше добра. Со децата сум спиев на автобуска станица,  а децата ги исмеваат во училиште вели Денис пред камерите на ,,Срце на Дланка”

– Се вработив а како градежник а со помош на газдата подигнав кредит, но ситуацијата што го снајде цел свет влијаеше и тука.

– Останав без работа а кредитот од 300.000 денари остана. Три години живеев без струја и вода, сега не можам да прионајдам работа.

Да не се соседите ова семејство ќе гладува долго. Денис е принуден да собира шишиња за да добие некој денар, а децата зимото мораат да го минуваат завиткани во ќебиња бидејќи немаат за огрев.

– Децата ми бараат но немам, постарите не можеш да ги зала жеш. Од примања имам само 5.000 денари, што попрво да направам со нив.

– Не се издржува ова, одам по цел ден собирам шишиња, да донесам дома 100 или 200 денари, да купам барем леб на децата.

Доколку сакате да му помогнете на ова семејство тоа може да го сторите на телефонскито број 077 854 865 или на трансакциската сметак 200002545685937

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.