Двојна радост на Еурофарм Пелистер на унгарски Татабањ

  • By admin
  • февруари 12, 2021
  • 0
  • 661 Views

По првите четири натпревари без победа, македонскиот претставник во Лига Европа, Еурофарм Пелистер нанижа три победи и драстично ги зголеми своите шанси за пласман во осминафиналето. Битолчани славеа и во вториот натпревар против Татабања, овој пат со 21-24.

Надигрувањето донесе тесен дуел, на нешто повеќе од десет минути до крајот Татабања имаше водство од 19-17, но тогаш на сцена стапи новиот голман на Еурофарм Пелистер, Карим Хендави и „бомбардерот“ Стипе Мандалиниќ и бодовите останаа во Битола.

Египќанецот со неколку одбрани во серија им даде „ветер в грб“ на своите соиграчи кои направија пресврт и на крајот дојдоа до победата од три разлика. Мандалиниќ и покрај болките погоди од разни позиции и Унгарците немаа решение за неговите удари.

Стипе Мандалиниќ постигна девет голови, Радовиќ реализираше трипати. Карим Хендави запиша девет одбрани, голем дел од нив во одлучувачките моменти.

Со новите два бода Еурофарм Пелистер дојде до седум, само еден помалку од второпласираниот во групата Д, ГОГ Гудме. Битолчани во вторник од 20:45 часот во салата „Боро Чурлевски“ ќе го дочекаат токму данскиот шампион.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.