Неодамна, актерот и музичар Драган Спасов – Дац имаше убави причини за прослава – негвото венчавање со избраничката Весна, како и свадбата на син му Јаков.
Јаков стапи во брак со својата избраничка Софија. Свадбената прослава се одржа во познат скопски ресторан со добра музика, убави гости, многу насмевки и танцување.
Од фотографиите од свадбата кои ги објави Дац, се гледа дека и младенците избрале по кежуал облека, односно обуле патики, венчаницата привлече навистина големо внимание.
Дац исто така е активен и на социјалните мрежи со своите оргинални статуси, па овојпат сподели една вистинита приказна која допре до неговите следачи. Тој на својот личен профил на фејсбук напиша:
„Мамо, те молам, можам ли денес да спијам кај баба? Слушнав денеска како едно дете ја прашува својата мајка, но додека се завртев да го видам детето кое со една реченица ме врати во минатото, веќе се изгуби во толпата.
И така од ден за ден. И тогаш слушаш една ваква реченица и се буди сеќавањето на бабиниот дом во кој пронаоѓавме се што ни е потребно сета среќа, исполнување, мир во срцето и сигурност…
Бабиниот дом е место каде најобичната чинија супа и домашното лепче со млеко се највкусните јадења на светот. Вкусот на домашен сок од вишна е подобар од најскапиот сок од продавница.
Домот на баба е место на кое попладнето може да трае засекогаш, а нам не ни е здодевно, и секогаш е мир во срцето, насмевка на лицето и главата е полна со фантазија.
Во домот на баба се е возможно… се е толку едноставно, и мириса на љубов, на липа и на шумски јагоди. Бабиниот дом е место каде што пронаоѓаме остатоци од детството и животот на нашите родители.
Овој луксуз, да ја посетам баба за жал веќе го немам… ќе остане само во моите спомени… Но кога би можел да сонувам сон и да вратам еден момент од животот, мислам дека воопшто не би се двоумел, туку би замолил: Може ли денеска да спијам кај баба? (Непознат автор)“