Даниела од Скопје низ солзи: Ме отпишаа, а јас сакам да живеам за децата

  • By admin
  • ноември 3, 2021
  • 0
  • 587 Views

Oд една страна сурова бол ка, тешка горч ина, врели солзи, од другата единствена надеж, разгорена желба за живот, голема одговорност како мајка, сето ова но и многу повеќе ја дефинира тешката судбина на 35 годишната Даниела Спасовска од скопско Марино.

Низ солзи ни раскажа за го лготата низ која поминува од 2019 година, откако и е дијагностициран р ак на дојка. Потребни се уште снимања, а јас не можам да си дозволам.

А те фрлаат од врата на врата само, никој не те гледа. Пред време се откажуваат од мене, вели Даниела. Како последица од зрачењата на кичмата почнал да и откажува едниот бубрег.

Матастазите се прошириле и на малата карлица, но гинекологот не смее да ја оперира, тоа може да го направи само онколот.

Зад себе има три операции и бројни метастази, три месеци е врзана за кревет, но и тоа не ја обесхрабрува да го чекори овој трнлив пат полн со надеж за оздравување.

Даниела има три дечиња, од кои едното е 14 години, другото 12 и третото осум, едно синче и две ќеркички.

Со сопругот Игор е веќе 15 години во брак. Од среќно семејство болеста на Даниела дома сите ги по косила и им го направила животот пе кол.

Вели ме отпишаа но таа со сите сили се труди да ја победи болеста и да застане на нозе. Не само заради себе, туку и заради нејзините три дечиња, на кои им е потребна мајка.

Даниела е свесна дека од судбината не се бега, но и дека надежта постои и токму затоа бара помош од хуманите граѓани.

Даниела не може да отвори телефонска линија за донирање, но ги моли сите хумани, средства да донираат на жиро сметката од нејзината мајка.

320500026947066 Централна кооперативна банка на име на Снежа Стојчевска или можете да ја контактирате директно на телефонскиот број 078466478.

Целата сторија со видео прилог може да ја проследите на Сител Тв.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.