Д-р Горан проговори за работата во Германија: Платено е добро, но далеку од доволно

  • By klaster3
  • април 21, 2022
  • 0
  • 550 Views

Доктор Горан Трајковски е млад лекар, специјалист интернист во Баварија кој како и многу наши медицински лица реши среќата да си ја побара надвод од границите на нашата држава.

Горан важи за доста популарен доктор на социјалните мрежи, особено на Инстаграм каде секојдневно споделува искуство и дели совети. Како еден од најпознатите македонски доктори достигна над 46.000 следбеници.

„Јас не се гледам како нешто посебно популарен, мислам дека сум истиот како претходно. Но, можеби сум популарен поради тоа што на социјалната мрежа Инстаграм го прикажувам целосно животот на еден лекар, па тоа можеби им е интересно на луѓето.

Таму добивам многу пораки од луѓето и често им давам совети за нивното здравје“, кажа во една прилика доктор Горан.

„Јас во Македонија не бев во работен однос туку како волонтер на Кардиологија па не можам да направам точна споредба, но откако дојдов во Германија последните 5 години мојот живот се врти само околу медицината, пацие нти, бо лести.

Медицинските ходници станаа мојот дом (затоа во Aмерика овој период се нарекува „residency“), социјален живот освен со фамилијата и колегите скоро и немам“.

Често објавува моменти и искуства од работата во бол ницата, па така и сега после долгочасовно дежурство реши да сподели како е да се биде дежурен лекар во Германија.

„Како изгледа едно дежурство: 13 часа одговорен за преку 120 стационерни пациенти, ургентен центар и интензивна нега.

Работата е толку густа и полна со адре налин и постојано донесување одлуки со неодморен мозок што после тоа си целосно исцрпен.

Она како после добра журка и пијанчење до сабајле.. Само што доаѓаш дома и прво му треба време на телото да ги одработи катехоламините пред да можеш да заспиеш.

А второ преку ден сонот не е ист и не одмара доволно. И ТАА ЗАБАВА ЈА ИМАШ ОД ПОНЕДЕЛНИК ДО ПЕТОК, а можеш по желба и 7 ДЕНА ЕДЕН ПО ДРУГ да работиш (над 90 саати си во болница таа недела).

После тоа добиваш една недела слободна доколку ја избереш таа опција. Само што првите 3 дена ги проаѓаш во навикнување на дневен биоритам.

Платено е добро, но далеку од доволно ако се увиди типот на работа. Горд сум на тоа што стигнав да го носам овој товар, иако веќе не ми е потребен.“, напиша докторот.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.