Д-р Вело Марковски и сопругата Евгенија проговорија за љувовта: Се допишувавме само за факлутет, не очекував дека ќе заврши со брак и деца

  • By klaster2
  • февруари 14, 2022
  • 0
  • 526 Views

Инфектологот Д-р Вело Марковски сега е во брак со многу помладата Евгенија Николовска – Марковска со која доби и дете.

Атрактивната Евгенија е поранешна манекенка и мисица, некогашна членка на модното студио „Шанел“ од Битола со кое има учествувано на многу модни ревии, а освоено и повеќе титули на разните избори за убавина.

Откако младата убавица и професорот нивната љубов ја крунисаа со брак, набргу го добиваат и нивното синче, а Евгенија покрај дипломирањето се стекнала и со титулата магистер.

Евгенија на 01 јануари 2021 година во 10 часот на свет донесе здраво девојче. Ова е второ дете на семејството Маркоски.

Инаку на познатиот инфектолог ова му е и втор брак. Тој е поранешен сопруг на екс -пратеничката Ѓулистана Марковска.

Овојпат тие отворен пред камерите на ,,Бекстејџ” зборуваа за тоа како започнала нивната врска, какви се предрасудите и како се согласуваат во бракот.

– Се запознавме на факлутет таму јас предавав тоа беше еден тажен период, Евгенија беше една од најдобрите студенти и бев изненаден од нејзиното знаење

– Тогаш и предложив да помага да ми биде асистент. Траеше неколку месеци тоа познанство и дојде тоа некако спонтано, вели професорот Вело.

– Тој беше строг професор, ми беше така симпатичен, му бев асистент одреден период, па си допишувавме на социјалните мрежи само за факлутетот но неговиот однос кон мене беше одличен.

– Без никакви очекување ја започнавме врската и не очекувавме дека ќе заврши врската со брак и со деца. Најмногу ме осови неговиот однос кој е грижлив.

– На 22 години веќе бев спремна да имам деца. Родителите не ми пречеа за врската, само ме прашаа дали ќе успееме поради годините, вели Евгенија.

– Има многу предрасуди во опшеството кој се наметнати од религијата. Проблем е бидејќи имаше и има уште дофрлување без да се знае суштината, секоја врска си е посебна.

– Тоа мора да се тргне тие предрасуди, имаме многу девојки кој се веќе во поодминати години и тој мајчински инстикт го немаат а со тоа околу 20-30 000 жени нема да родат со што би се одразило на наталитетот.

– Клучот на успешен брак е толеранција и почитување и љубов, во одреден сегмент од животот една од овие три работи може да ги заборавите но потоа да ги надокнадите, завршува доктор Марковски.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.