Бранко Роглиќ, сопственикот на хрватската компанија Орбико, зборувал за економијата, делувањето, но и пандемијата на коронавирусот.
Како што пишува „Нови лист“, неговиот Орбико е најголемата хрватска компанија. Има промет од околу 2,5 милијарди евра, а оваа година очекува зголемување на приходите на речиси 3 милијарди евра, вели Роглиќ.
„Приходите на нашата компанија во текот на пандемијата пораснаа за 120 милиони евра. Станавме практично најголемата хрватска компанија. Поради сплет на околности, и затоа што добро реагиравме на пандемијата, станавме прва компанија во нашата земја која е во хрватски раце“.
Роглиќ зборувал за мерките кои биле преземени за заштита на вработените во услови на пандемија, но и општо за работата на компанијата.
„Најпрвин ги испративме сите наши вработени да работат од дома. Во канцелариите останаа само шефовите кои ја координираа работата. Го сменивме работното време во магацините, па направивме три од две смени.
Свесно го намаливме бројот на луѓе во магацините, ги дезинфициравме сите автомобили, простории и целата стока што пристигнува“, објаснува хрватскиот претприемач во интервју за „Нови лист“.
Ваквите мерки ги спроведовме во сите 20 земји. Имавме само еден уп окоен случај помеѓу вработените. За жал тоа беше наш млад работник во Бугарија.
Имавме и неколку потешки случаи на ковид, но сепак сметам дека добро ги спроведовме епидемиолошките мерки и дека ги сведовме на минимум човечките загуби и ште тите во работењето.
„Од самиот почеток на работата на компанијата, ја издигнав идејата над хиерархијата. Направив идејата да ја води компанијата, а хиерархијата е само структура која ја спроведува таа идеја.
Добро се покажа и тоа што го ставив човекот во прв план. Мислам дека во претприемништвото најважна е грижата за луѓето, а не за луксузот“, вели сопственикот.
„Добар бизнисмен не купува јахти и не живее луксузно додека неговиот вработен истовремено живее од минимална плата и нема доволно за своја егзистенција.
Повторувам, моето мислење е дека претприемништвото е грижа за луѓето. Така се однесував цел живот и така ќе се однесувам и понатаму“, истакнал Роглиќ.