Во минатото нашите мајки, баби, тетки покрај другите работи најмногу се занимавале со плетење, ткаење, везење и слични работи.
Не постои домаќинство во кое нема барем еден спомен оставен како доказ за макотрпната работа која бара многу трпение и концентрација.
Денес, помладите ги сметаат за терет таквите работи и најчесто ги исфрлаат бидејќи не ги користат воопшто.
Сепак, повозрасните се уште си ги користат ткаените постелнини, везени чаршафи или пак неодминливите волнени чорапи, калци, елечиња и слично.
Плетењето како хоби, но често и како начин на заработка останува во теоријата и праксата на повеќето од постарите наши сограѓани.
Знае да биде напорно, велат оние кои ги продаваат, но не е тешко да се научи. Велат дека еден пар волнени чорапи се плете за една вечер и еден ден.
– Од 10 години почнав да плетам. Постојано – џемпери, блузи, како деца бевме сиромашни и ни остануваше да плетеме, објаснува продавачка на волнени чорапи на пазарот во Штип.
Вели дека најмногу во зима се бараат чорапите, а цената во зависност од моделот е 200 денари или 450 денари, но се согласува дека не е исплатливо.
И ова хоби ќе остане во минатото доколку нема кој да ги наследи постарите.
– Имам две внуки кои плетат и предат, и ќерките исто знаат да плетат има кој да ме наследи.
Волната велат дека ја купуваат, оваа година е многу скапо, ама немаат избор, доволно им е и еден денар да земат за трудот.
– Бараат, ама евтино е и луѓето немаат пари. Интерес кај младите има, гледаат како работиме и тие сакаат да научат, велат од пазарот.
Од анкетираните граѓани некои носат волнени чорапи, некои не. Најчесто ги купуваат, но има и такви кои знаат да плетат.
Иако подебелите волнени чорапи стануваат поактуелни и кај младите повеќето ги купуваат од продавницуа, а мног ретко рачно изработени. Сепак таа пракса останува до наредната зима кога пак ќе има ниски температури.
Целиот видео прилог може да го проследите на М-Нет Телевизија.