Во пресрет на празниците откажани бројни авио летови од и до Германија

  • By admin
  • декември 23, 2021
  • 0
  • 377 Views

Во Германија е забележа првиот упо коен случај од новиот сој омикрон, објави Институтот „Роберт Кох“, со седиште во Берлин.

Институтот објави дека лицето што поч инало било на возраст од 60 до 79 години, пренесуваат агенциите.

Во Германија во изминатите 24 часа се регистрирани 810 од новиот омикрон-сој, со што вкупниот број на заболени од оваа варијанта се искачи на 3.198 лица.

Денешната вест доаѓа откако германскиот министер за здравство, Карл Лаутербах, изјави дека околу Нова година очекува зголемување на бројот на заболени од омикрон.

инистерката за образование на Германија, Бетина Старк-Ватцингер, посочи дека граѓаните, со цел да се заштитат од бранот зараза со сојот омикрон, мора да се подготват за евентуално затворање на училиштата.

„Во оваа ситуација мора да направиме подготовки на полето на образованието ако стане потешко поради омикрон-сојот“ изјави таа за медиумот „Функе“.

Старк-Ватцингер истакнува дека мора да се направат подготовки за алтернативно продолжение доколку е потребно.

Германскиот авиопревозник Луфтханза мораше да откаже неколку интерконтинетални лекови за време на божиќните празници бидејќи голем број пилоти се позитивни на корона вирусот.

– Тоа посебно влијаеше на летовите кон Бостон, Хјустон и Вашингтон во периодот од 23 до 26 декември, изјави портпаролот на Луфтханза, додавајќи оти летовите можат повторно да бидат резервирани.

Тој истакна дека компанијата вовела мерки да се избегне таквата ситуација „но, очигледно тоа не било доволно со оглед на високата стапка на заразени лица“.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.